Хороскоп: Што велат ѕвездите за денес


ОВЕН: До израз доаѓа вашата лидерска природа и денес ги покажувате сите квалитети на својот знак – храбри, одважни и авторитетни, имате одговор на многу прашања. Месечината во Водолија ќе ве поврзе со потребните луѓе кои речиси веднаш ќе пристапат кон реализација на новите потфати. Луцидност и искуство.

БИК: Вложениот труд се исплаќа и ги гледате работите во перспектива – негувајте го она што ви е највредно и соработувајте со останатите. Со наоѓањето на луѓе кои што се слични како вас ќе успеете да си ја вратите самодовербата и ќе ги покажете и своите таленти. Не двоумете се сега. Ова е вашето време. Планови.

БЛИЗНАЦИ: Е веќе е доста! Се истрошивте себе си барајќи одговори фокусирани единствено на својата лична вистина. Напуштете ја глувчешката трка и продолжете понатаму. Сфатете дека вие самите се држите заглавени во место. Досега успеавте многу и нема реална причина зошто не би продолжиле така. Фокус!

РАК: Период за истражување на непознатото – би сакале да се испробате со нешто сосема ново и ги разгледувате можните пречки при преземањето на лидерската позиција. Ако имате афинитет, природно ќе ги остварите своите најдлабоки желби. Ако не, нема резон ниту да почнувате. Запознајте се подобро.

ЛАВ: Одеднаш печката работи со полна пареа – пред вас се повеќе можности и сите се некако привлечни, но ќе треба да најдете начин да одберете што е она што може да остане во вашиот живот, а што не. Ослободете се малку и не ја гушете креативната енергија. Поврзете со пријателите и партнерите и разговарајте за сè.

ДЕВИЦА: Сè уште ги гледате работите црно-бело и ги таите своите размислувања, сега кога треба да се дејствува. Шумскиот пожар не може да се изгаси со чашка вода, туку смиреното и постепено дејствување ќе донесе позадоволителни резултати. Бидете безгрижни, вие веќе го имате потребното искуство и поддршка. Среќа.

ВАГА: Средба со вам добро позната личност од минатото, со која што делите слични интереси. Ќе дојдете до практични совети и ќе се охрабрите да дејствувајте – заземете за себе на најпотребните места! Бидете храбри и прифатете ја одговорноста, иако за сега изгледа дека е само авантура. Бидете иновативни!

СКОРПИЈА: Се одваживте да ги преземете работите во своите раце, сега чувствувате дека е вистинското време! Сфаќате колку тесно се поврзани сите работи и луѓе и можеби ќе одлучите да направите ситна донација: она што го давате лично, светот ќе ви го врати изобилно. Не грижете се за тоа колкав е подарокот. Давајте.

СТРЕЛЕЦ: Во центар на внимание, денес доаѓате до потпишување на договори. Сето ова е во вистинско време, затоа бидете свесни дека некогаш ќе треба да проговорите – да се изразите и истапите како поединец. Може да откриете страна во себе за која што не сте ни знаеле дека постои – милна, романтична, креативна. Ах, вие!..

ЈАРЕЦ: Освежени и со необични идеи, доаѓате до нов смисла во животот. Ја имате потребната сила да ги искористите сите алатки и да ја изгравирате сопствената приказна како никогаш до сега! Ако нешто не иде, заминете си и посветете се на изучување. Најдете ги своите стари пријатели и прашајте ги како напредуваат.

ВОДОЛИЈА: Вашите емоции се возбудени – имате ли тајна љубов? Ова е запишано во ѕвездите, но нема потреба веднаш да го објавувате – не избрзувајте. Би можеле да се соочите со нечие тврдоглаво однесување. Придружете им се на останатите во пријателско расположение и ќе бидете поефикасни. Имајте такт.

РИБИ: Ова не е време за наметнување, туку да се повлечете и да бидете благодарни за она што веќе го имате. Не се правете смешни пред светот држејќи се грчевито за работите што силно ви значат, тоа може да е многу малку во однос на светот! Не очајувајте. Повлечете се во мирот на домот и потпевнете си тивко. Одморете.

Ирена Танчева

АСТРОЛАБ

[email protected]