Хороскоп: Што велат ѕвездите за денес?


ОВЕН: Немојте да сте толку сконцентрирани на своите чувства и потреби, некој би рекол дека губите чувство со реалноста. Вложете малку повеќе напор и прекинете го патењето. Во ова ќе ви помогне некоја зрела жена, која со големо сочувство ќе ве сослуша и даде совет. Сочувајте ги овие пријателства. Интуиција.

БИК: Оставете ја логиката на страна, сега е потребно поинаку да ги погледнете работите – препуштете им се на емоциите, вашите врски и афинитети. Гладни сте и имате потреба за љубов, а потребна ви е и сигурност: како ќе продолжите? Нема потреба од опсесии и скриени шеми, не се гушете во страв. Задоволства.

БЛИЗНАЦИ: Жртва сте на своите сопствени уверувања – тие ве држат во место и веќе се губите во магла. Пред вас се конкретни договори, а вашиот молк не ви е сојузник. Немојте да сте злобни и полни со горчина, прашајте се што е она што е суштинско и каде најмногу ве боли? Заборавете ги старите приказни. Простете.

РАК: Сами сте, нема луѓе, не се присутни, ги нема – што си кажавте во меѓувреме? Ви треба инспирација, да се нахраните со духовна храна. Месечината во Скорпија ве става во позиција на трагач и во вашиот живот влегува некоја личност, на која што ѝ се восхитувате. Ако до сега имало бариери, од сега натаму водухот е чист!

ЛАВ: Во рацете имате конкретен продукт, сонот веќе станува реалност и сега ќе може да ја потврдите својата зрелост и компетентност. Го впивате светот со широко отворени очи и за вас не постојат тајни – каде и да минете, имате разбирање за сите околу себе.Фокусирани на креативните проекти, зрачите со убава енергија.

ДЕВИЦА: Трпеливи и методични, успевате да се справите со нечии груби зборови. Потоа ќе бидете радосни бидејќи нема да мора да се враќате на старите теми – сѐ ќе остане во прашина. Оттука натаму може да биде само подобро – Сонцето повторно ќе грее, ќе знаете каде да се движите и што ви е потребно за до таму.

ВАГА: На пат, пред вас широки хоризонти и далечни глетки, летате низ животот како гулаб над немирни води. Застанете малку, прашајте се каде е ѕидот: има ли ова крај? Нема потреба да сте обземени од страв, фатете ги работите во свои раце и движете се по утврден ритам. Ако не успеете веднаш, вратете се кога ќе можете.

СКОРПИЈА: Венера во вашиот знак повторно ги отвора љубовните одаи – изборот е голем! Минатиов период научивте многу, а сега тоа ќе се обидете и да го имплементирате. Истапува некоја помлада личност која што ќе ви се понуди целосно – не ги фрлајте овие шанси во ветер!Одговори на поставените прашања.

СТРЕЛЕЦ: Нејасно е, сѐ се губи во магла, но не губете ја својата надеж! Пред вас е долг пат, кој ќе ве одведе во далечни земји. Навистина, треба да оставите многу работи во сеќавање, но затоа пак иднината ветува многу – расчистете сѐ додека уште имате сила за тоа. Небрзо небесните тела ќе ви ги донесат потребните новини.

ЈАРЕЦ: Нови сензации, нова страст – не гледате ништо пред себе! Аман, повикајте се на својата контролирана природа и кротете ги поривите. Ќе има време да се покажете, денот е динамичен – сега сами, потоа опкружени со луѓе, но така ви одговара. Се смешкате задоволно и знаете дека вашето време допрва доаѓа.

ВОДОЛИЈА: Колку далеку и да појдете, гледате дека кај и да сте, тоа сте вие – ни малку променети. Ако ви е тешко дома, ќе ви биде тешко и надалеку. Не се држете цврсто за таа слика за себе, отворете се малку и бидете потолерантни. Простете си, а потоа и на останатите и забавувајте се. Сетете се на старите идеали. Среќа.

РИБИ: Доаѓате до саканото влијание и ќе уживате во материјална состојба. Сакате да постигнете стабилност во повеќе сектори и веќе имате интересен и изводлив план. Приклучете им се на останатите, но пливајте внимателно во овие води. Оставете си простор да заминете ако така ви се сака. Креативни и брзи солуции.

Ирена Танчева

АСТРОЛАБ

[email protected]