Хороскоп: Што велат ѕвездите за денес


ОВЕН: Под импресии на викендот, не можете да го фатите ритамот на реалноста. Вашите планови ќе треба да почекаат сè додека не соберете потребен тим за нивна реализација. Обидете се да го најдете своето место во светот без да бидете центар на внимание. Не брзајте, нема потреба, ова е време за чекање.

БИК: Не стојте врзани во едно место и не се осамувајте. Добро е да се прашате дали се повлекувате поради медитација или ескапизам. Нема потреба од резигнираност, туку за самостојно дејствување. Прашајте се што навистина сакате и реагирајте! Заборавете сè и живејте го својот живот на најневообичаен начин.

БЛИЗНАЦИ: Не може да живеете во минатото, ниту пак сакате да продолжите во иднината – не можете да ги споите спротивставените страни! Ретроградниот Меркур ве враќа на истите ситуации – горчливи зборови и ранети срца. Не губете надеж, ќе се појават нови шанси. Направете атмосфера и поканете ги другите. Верувајте им.

РАК: Ако стигнавте на важна животна раскрсница, знајте дека тоа е по ваша заслуга. Добро е да бидете умерени: догматското и нетолерантно однесување може да доведе до колапс во односите. Контролирајте ги своите страсти и бидете разумни. Пред вас е помирен период, затоа издржете. Смислете нова тактика.

ЛАВ: Добар дел од работата ја завршивте за викендот и сега продолжувате со рафинирање на деталите. Вашите емотивни потреби се задоволени и сè што се случува е во свое време – долго чекавте за овој момент! Поставете нови стандарди и поработете на својот интуитивен аспект. Истражувајте. Мобилност.

ДЕВИЦА: Добро одморени и освежени, почнувате од ново. Нема потреба да се истакнувате, добро е да отстапите од лидерската позиција. Штом ги почувствувате првите сигнали, ќе дејствувате. Најдете време да се сакате самите себе, за да може квалитетно да ги сакате и останатите. Набрзо нови партнерства.

ВАГА: Во какви и задоволства да уживавте овој викенд, ова е време да се вратите во реалноста – потребна е тимска соработка и зрело водство. Вразумете се и ќе сфатите дека во вас лежи клучот на сите енигми. Во размислувањата може се давите во грижи, а тие веќе научиле да пливаат. Не е сè така црно. Постои пат.

СКОРПИЈА: Ова не е време за директна акција и непромислено дејствување – би можеле да повредите некој со своите зборови! Вашата страст знае да спржи сè пред себе, затоа контролирајте се малку – нема да биде на одмет. Застанете и размислете како може да продолжите од овој степен натаму. Ги имате потребните услови.

СТРЕЛЕЦ: Нема потреба од навредливи зборови – бидете благородни и користете ја интуицијата за да се извадите од нечесните игри. Вие сте познати по креирањето на добри стратегии, затоа размислете како добро да ја искористите својата сила и поволните можности. Не брзајте, работите се одвиваат по свое темпо.

ЈАРЕЦ: Познати по својата отпорност, денес повторно ќе се потврдите со своите тајни ресурси. Ќе треба да ги презентирате своите идеи пред очите на јавноста и веќе сте спремни. Добро се чувствувате и планирате како да ја аплицирате својата мудрост. Ценете се повеќе и најдете време за истражување на значајните теми.

ВОДОЛИЈА: Познати по својата природна благородност и хуманизам, денес ќе треба да ги потврдите токму овие квалитети. Месечината во Вага ви ја дава потребната енергија да продолжите напред и да истраете во тоа. Вие ова го знаете – сè што треба е да го повторите. Фатете ритам, запејте ја вашата мелодија и настапете!

РИБИ: Во вас лежи супер сила, а тоа е чувството за должност. Повлечете се ако треба за да дојдете до мудро решение. Околу вас се силни превирања, затоа најдете начин да се стабилизирате во физичката реалност. Набрзо ќе може да се потпрете на пријателите и блиските, сега бидете мудри и умерени во сè.

Ирена Танчева

АСТРОЛАБ

[email protected]