Хороскоп: Што велат ѕвездите за денес


ОВЕН: Отворени за нови трендови, брзи и прилагодливи, се соочувате со успех на повеќе полиња. Нема потреба да бидете несигурни, туку внимавајте на својот говор и манири. Некој ви нуди да излезете од ќорсокакот и сега е добро да ги разгледате овие опции – бидете убедливи и шармантни, пријатели! Успех.

БИК: Пред вас е ден кога ќе разгледате повеќе идеи, но не брзајте и не одлучувајте веднаш. Слушајте добро што ви се нуди, а потоа добро размислете дали може да се најдете во таа слика. Нема потреба да викате или да реагирате на туѓите зборови, туку само гледајте и посматрајте како ќе се развива ситуацијата сега.

БЛИЗНАЦИ: Месечината во вашиот знак ве поддржува да ги погледнете работите логично и објективно. Можеби ќе треба на кратко да се дистанцирате, за да добиете појасна слика за работите. Обидете се да вклучите малку емоција во сето тоа, иако најмногу би сакале да останете воздржани. Не се кријте, луѓето ве гледаат!

РАК: Одеднаш сѐ се забрзува и ефективно напредува – дури и она што се чини невозможмо може да се реши со неверојатна брзина. Слушајте ја својата интуиција околу оваа работа и трпеливо разјаснете ги работите што бараат објаснување. Така ќе си олесните и конечно ќе мрднете напред. Истрајте сега.

ЛАВ: Прекрасен ден за тимска соработка: сега е важно да истраете, да имате личен интегритет и чест – само така ќе успеете. Држете се до основните факти и не правете претпоставки. Вашиот живот влегува во светол период, а кој што го чекавте одамна. Направете некое добро дело денес и бидете задоволни.

ДЕВИЦА: Бидете разумни сега и обидете се логично да ги решите работите – нема потреба да го очекувате најлошото и да сте дефанзивни. Не си дозволувајте да бидете однесени од силните страсти, туку издржете и вашата ситуација ќе се разјасни набрзо. Праведен расплет во општествениот сектор и фер солуции.

ВАГА: Некоја помлада личност ќе ви ги изрази своите емоции – дел од нив се со интимна природа, а дел со јавна. Имате заеднички афинитети според кои се водите, а тоа е многу важно во ова време. Убави шанси за заработка, но внимавајте да не ги упропастите со нечесност. Бидете фокусирани на успехот!

СКОРПИЈА: Нема потреба повеќе да таите за своите таленти – тие се како некоја прекрасна свилена ткаенина или марамче со ориентална шара. Умерени и избалансирани, прекрасно ќе ги поврзете спротивставените страни во една поголема логична целина. Поддржани сте од убави аспекти и авторитетни личности. Уживајте!

СТРЕЛЕЦ: Иако моќни, не сте направени од камен – до вас доаѓаат слатки зборови или убави идеи за патување. Размислете дали треба да ги смените приоритетите сега и да се повлечете на кратко – земете свеж здив. Следете ако можете, повлечете се ако сте уморни и радувајте се со пријателите ако ви остане сила.

ЈАРЕЦ: Отворете се – некогаш мора да им верувате на природните инстинкти и интуиција за да разберете што ќе се случува понатаму. Ако нешто не ви звучи добро, повлечете се и размислете од ново, барајќи свежа перспектива. Пред вас е долг пат и може да дојдете до потребните врски за саканиот проект.

ВОДОЛИЈА: Со самото утро влегувате во силна динамика – пред вас се средби со луѓе кои може да инвестираат во вашите проекти. Некои се веќе етаблирани, а останатите ќе понудат нови идеи што ќе се покажат продуктивни. Искористете го овој поволен амбиент и напредувајте кон саканата цел со голем жар. Брзина!

РИБИ: Можеби сте малку несигурни, но ќе успеете да ги абсорбирате понудените идеи – имајте фантазија ако сакате да ги исполните своите амбиции. Денес гледате дека работите се менуваат и затоа ви е потребен совет како никогаш до сега. Ќе успеете да се поврзете со искусни личности – тие кријат дел од одговорите.

Ирена Танчева

АСТРОЛАБ

[email protected]