Хороскоп: Што велат ѕвездите за денес


ОВЕН: Застанете во линија и придружете им се на другите во некоја авантура или во следењето на некоја заедничка цел и кауза. Денес ќе биде ефикасно да соработувате со истомислениците и блиските. Можеби ќе се чувствувате непријатно, но и така се расте.

БИК: Промена во реалноста – сега е време да ги проширите социјалните контакти и да ја развивате својата уметничка страна. Одвојте време да истражувате во афективниот сектор, поезијата на душата и вистинската храна изразувајќи ги емоциите. Патување и романса.

БЛИЗНАЦИ: Полека се одвојувате од стадото – да, сега може да се потпрете на старите и испробани начини, но во сосема нов контекст. Време е да ги прифатите природните циклуси на нештата и да продолжите напред. Хранете се добро, одмарајте и шетајте во природа.

РАК: Иницијатива – можеби несигурна за почеток, но откако еднаш ќе започнете, сè потоа ќе тече мазно. Месечината во вашиот знак ги нагласува емоциите и внимавајте на променливите расположенија. Реорганизација и преуредување. Верувајте ѝ на својата интуиција.

ЛАВ: Преправањето обично се издава самото. Вашата природна разноликост ќе ви помогне да го намалите лажното претставување или да се камуфлирате себеси доколку е потребно. Нема потреба од претстави. Одмор.

ДЕВИЦА: Како да сте почетник – усилената насмевка и стегнати вилици сигнализираат дека не сте сосема свои. Настојувајте да бидете што поприродни, релаксирани и во хармонија со себе си. Можеби ќе треба привремено да преземете одговорност која е краткотрајна.

ВАГА: Не може да наметнете контрола врз работите кои сè уште не постојат. Сè уште постојат скриени аспекти, кои ќе треба да ги откриете со силата на својата волја. Другите реагираат на вашиот шарм и убавина, затоа имајте верба и скокнете во непознатото. Креативна сила.

СКОРПИЈА: Камуфлажа – уметноста на стопувањето со околината додека се чека. Вежбајте трпение, истрагата ќе ви се исплати. Можеби се чувствувате немоќно денес, но добро е да почекате на волјата на небесата. Запамтете дека дури и блокадите му служат на нашиот развој.

СТРЕЛЕЦ: Инсистирањето на вашата верзија на настаните нема да ви помогне многу. Знајте дека постојат дупки во секоја приказна, па така и во вашата. Наоѓањето на овие дупки ќе ја намали тензијата значително. Немојте да сте ригидни и нефлексибилни. Попуштете малку.

ЈАРЕЦ: Некое партнерство паѓа во сенка, но можеби тоа и не е така важно во овој момент во животот. Прескокнете ги приказните и одлучете кои информации се валидни за вас. Не верувајте во приказната која што се повторува. Доколку нема своја цел, прекинете ја слободно.

ВОДОЛИЈА: Заеднички интереси – еден плус еден прават двајца, затоа усогласете се. Можеби нема да има брзи резултати, но што и да преземете ќе има успех. Имајте го во предвид и тајмингот, бидејќи за сè е потребно време. На крајот од денот ќе уживате во изобилство.

РИБИ: Не се форсирајте себеси ниту наметнувајте повеќе. Прекумерниот стремеж може да биде опасен. Имајте предвид дека штом влијанието и моќта растат, луѓето се разделуваат. Дејствувајте според стекнатата мудрост, а не инстинктивно. Чујте ја интуицијата.

Ирена Танчева

АСТРОЛАБ

[email protected]