Хороскоп: Што велат ѕвездите за денес


ОВЕН: Се појавува ситуација во која ќе сакате да им се покорите на конвенциите на старите авторитети, но внимавајте да не зажалите подоцна. Подобро е да учите на своите грешки отколку да ги повторувате туѓите бидејќи така ќе се здобиете со искуства за кои нема да жалите подоцна. Ненадејни случки и патувања.

БИК: Утрото укажува на можна криза во блиските односи, затоа повлечете се и избегнувајте самовеличање и внимание. Бидете попонизни, флексибилни и не реагирајте на секоја провокација. Прашајте се што навистина сакате и работете рационално во постигнување на таа цел. Направете план и дејствувајте потоа.

БЛИЗНАЦИ: Ова е време за воспоставување на нови партнерства – на приватен и професионален план – затоа барајте соработници и асистенти, но дозволете им ја потребната слобода користејќи ја својата мудрост и трпение. Дел од идеите задржете ги за себе и научете да издржите. Штедете за да инвестирате подоцна.

РАК: Она што ви се случува може да се спореди со `ртење на семињата на пролет – успехот можеби е невидлив, но тоа не значи дека ништо не се случува. Напротив, сега сте спремни да ги издигнете своите врски на повисоко ниво и ќе балансирате интелигентно и трпеливо. Браво – нека ве следи среќа цело време!

ЛАВ: Денес се чувствувате добро и работите со луѓе на некој проект, кој е веќе во напредна фаза. Ова е идеално време за изучување, тренинг и развој, но имајте во предвид да си обрнете внимание и на себе. Отпочнете со поситни задачи и постепено префрлете се на потешките – сега имате сила и интересна стратегија.

ДЕВИЦА: Ова е време кога сте спремни да расчистите со старото и да продолжите напред, да се пуштите како брод на отворено море. Средба со странци кои ќе влијаат врз вашиот живот. Ако сакате совет, еве еден: завршивте одлична работа, но издржете уште малку и ќе бидете наградени. Имате сила да се справите со сè.

ВАГА: Не им дозволувајте на дилемите да ве блокираат – пред да направите било што на интимен план, добро размислете. Велат дека оној што сака да успее, ќе успее, така што за сега бидете трпеливи, истрајни и флексибилни – не се обидувајте на ниту еден начин да влијаете врз ситуацијата. Ова е природен процес, издржете.

СКОРПИЈА: Ова е ден кога е добро да размислите и се здобиете со подлабок увид во однос на интимните врски. Некои фази природно завршуваат, а сегашната ситуација укажува на успешни постигнувања. Комплетирајте сè што имате и фокусирајте го сиот свој напор кон постигнување на она што го работите – финиширајте!

СТРЕЛЕЦ: Транзитот на Месечината во вашиот знак ќе ви помогне нашироко – денес имате волја да почнете одново, а за некои работи ќе треба да се дистанцирате за да добиете појасна перспектива и потоа ќе бидете задоволни. Тоа не значи дека сте индиферентни, туку дека имате верба во иднината и во среќата што доаѓа.

ЈАРЕЦ: Неочекувана средба која ќе ви отвори нови перспективи – искористете ја оваа шанса и растерајте ги чувствата на несигурност или анксиозноност. Не постои причина зошто би се мачеле со некои прашања, затоа продолжете напред и пронајдете го својот пат. Преспијте некои прашања и вратете се освежени.

ВОДОЛИЈА: Искреноста не е ваша силна точка денес пријатели – бесчувствително им раскажувате лаги на оние околу вас. Оваа латентна хипокризија може да предизвика опасно недоразбирање со саканите, затоа внимавајте! На работен план не функционирате најдобро – бавни сте и потребен ви е одмор. Земете го!

РИБИ: Нема потреба да сте несигурни – вие сте важни и вашата работа е значајна, затоа истапете и покажете ги своите идеи. Бидете едноставни и не брзајте. Ако се обидете да ги протуркате сите свои проекти одеднаш, тие сигурно ќе пропаднат, затоа бидете умерени. Колегите го препознаваат вашиот талент.

Ирена Танчева

АСТРОЛАБ

[email protected]