Хороскоп: Што велат ѕвездите за денес


ОВЕН: Ситуацијата во која се наоѓате е надвор од вашата контрола – ја води многу моќна сила. Не можете да ја сопрете. Обидете се да сфатите дека во вашиот живот влегува нешто стихијно. Очекувајте сè: промени, неочекувани настани, а кои ќе доведат до радикална промена во животот.

БИК: Ова не е сосема погодно време за работа ниту за личните односи. Сепак, постојат опции. Задачата е да откриете кои се вистинските алатки што би ги употребиле и кога. Внимавајте на тенденцијата да избрзате во некој проект и да очајувате ако не успеете. Има позитивна страна!

БЛИЗНАЦИ: Како да пукате во празно, затоа вежбајте го своето трпение. Не ви е сосема јасно што треба да направите, а имате многу опции – треба да изберете правилно. Обидете се да ги решите недоразбирањата и сменете ја вашата околина, патувајте. Ставете се на диета.

РАК: Ќе одберете да профитирате онаму каде што другите ниту сакаат да се обидат – ве очекува просперитет. Веќе го чувствувате тоа. Ако сте спремни да направите промени на духовен план, сега е идеално време за тоа – трансформација и промена во размислувањето.

ЛАВ: Ако вашиот брод не стигне на време, вие сепак продолжете со негување на своите планови и идеи. Не дозволувајте си да бидете разочарани, туку почувствувајте ја својата енергија и планирајте како да ја искористите својата мудрост. Ценете се повеќе.

ДЕВИЦА: Месечината и Марс во Водолија ќе ви донесат неочекувани шанси, како некој континент нагло да излегува од океанот. Имајте во предвид дека нема потреба да брзате, побавниот пристап ќе биде подобар денес. Дајте си време за новите информации, сè оди по својот тек.

ВАГА: Прекрасен период, со добра среќа и многу контакти. Добро ја канализирате својата енергија и вашите дилеми исчезнуваат. Своеволно им се предавате на саканите, а резултатот ги надминува вашите очекувања. Прекрасно е, зарем не? Сите сме дел од една иста целина.

СКОРПИЈА: Сега сте во позиција да воспоставите идеал кој ќе го издржи тестот на времето, затоа раширете ја информацијата. Направете го тоа со доза на такт и работете на својата рецептивна страна. Ако има потреба, изјаснете се во некој конфликт и покажете колку сте умешни.

СТРЕЛЕЦ: Иако се соочувате со необични пресврти, сепак ќе успеете да се адаптирате и да го искористите најдоброто што се нуди. Можеби ќе ви биде тешко да започнете, но понатаму ќе се снајдете и сè ќе тече мазно. Не откажувајте се така лесно. Вашиот креативен гениј има сила сега.

ЈАРЕЦ: Денес е добро да покажете од што сте направени – дали сте човек или глувче? Вашиот живот има смисла, има своја цел, а покрај тоа, вие сте полни со таленти, знаење и можности. Зошто уште чекате? Верувајте си повеќе. Искористете ја сета своја сила за постигнување на целта.

ВОДОЛИЈА: Беспрекорно спремни да се покажете во најдоброто светло – сега е добро да ја покажете благородноста на својот карактер. Вашата финансиска ситуација е стабилна, вие сте мудри и цврсто стоите на своите нозе, додека бизнисот цвета. Заштитете го својот имот и изградете нови врски.

РИБИ: Откако направивте сè за да пораснете во ова што сте денес, сега треба да балансирате со динамиката на работите. Физичката реалност се балансира со поетска или духовна сензибилност. Искористете го овој момент и обидете се со нешто сосема ново. Средби со необични луѓе.

Ирена Танчева

АСТРОЛАБ

[email protected]