Хороскоп: Што велат ѕвездите за денес


ОВЕН: Разбирливо е дека сакате да напредувате, но за да го постигнете саканиот успех, добро е да се запрашате до каде сте стигнале за сега: постојат начини како да го изведете тоа, само ако погледнете низ нова перспектива. Не си дозволувајте погрешните уверувања да ве држат заглавени во место. Ова е креативен период – истражувајте!

БИК: Од вас се бара да постигнете рамнотежа: прашајте се добро дали имате доволно енергија да се соочите со барањата на судбината и верувајте дека ќе успеете во своите настојувања. Надеж постои, сè што треба е да не брзате. Им дозволувате на другите да ја преземат лидерската позиција и им давате нова насока на работите. Праведност.

БЛИЗНАЦИ: Среќни и исполнети, денес доаѓате до заслужените награди: подржани од пријателите, работите на повеќе креативни проекти. Имате голема доза за такт и умешно се справувате со секојдневието. Шанса за финансиски просперитет која што не смеете да ја пропуштите. Научивте важни лекции со кои ќе напредувате набрзо. Љубов и романса.

РАК: Динамичен период, во кој што треба да инсистирате на баланс: Месечината во Вага ви вели дека сте зафатени со повеќе ангажмани, при кои што не би требало да избрзувате. Сетете се на старата дека брзиот суд брзо се кае. Ако може да ги предвидите работите, нешто може и да спречите. Нова развој на професионален план. Идеи.

ЛАВ: Ова е ескалација на досегашните напори: креативните проекти цутат, а и вие со нив. Веќе ја постигнувате саканата благосостојба. Држете ги цврсто уздите на својата кочија и ќе научите дека сте водени од повисоки сили: тие се тука да ви помогнат. Помош од страна на пријателите и олеснување по добро заклучените договори. Добра виталност.

ДЕВИЦА: Вашите соништа стануваат побогати и имате фантастична визија за иднината: верувајте ѝ на својата интуиција и бидете храбри во своите стремежи. Од вас се бара прагматичност, затоа добро замислете каде би сакале да бидете наскоро и непоколебливо фокусирајте се на тоа. Размислувајте позитивно и искористете ја оваа поволна ситуација.

ВАГА: Можеби не очекувавте толку силна динамика, но со почетокот на пролетта ќе треба да дадете нови насоки во животот: ако бескрајно се двоумите помеѓу минатото и иднината, неизбежно ќе ја губите сегашноста. Бидете похрабри и верувајте си повеќе: во вас лежи голема мудрост и непристрасност. Ќе знаете што е разумно за вас.

СКОРПИЈА: Со Марс во Бик не можете да го скриете својот карактер: сè е јасно и видливо од страна на околината. Уживате во луксуз, а која е цената? Можеби не се чувствувате најсјајно, но не губете храброст. Наскоро добивате информација или подарок од некој пријател и ќе бидете воодушевени. Бидете мудри и тактични – слушајте повеќе. Разбирање.

СТРЕЛЕЦ: Понудени ви се нови опции, но вие немате волја да размислувате за нив: апатични сте. Набрзо ве очекува средба со важна личност, која што ќе ве советува што е нужно во овој момент на развојот: послушајте ја. Отворете ги очите и ушите, а устата држете ја затворена: не мора сите идеи да бидат раскажани сега. Трпение.

ЈАРЕЦ: Креативните проекти се пред конечна фаза: можеби сте уморни, но знаејќи го ова, ќе најдете начин да се опуштите. По малку крута ситуација на домашен план, сепак не се воздржувајте да го дадете своето мислење: имате важни сознанија, кои ќе ги стаписаат блиските. Во вас лежи неверојатна мудрост, користете ја зрело. Решителност.

ВОДОЛИЈА: Долгогодишниот транзит на Уран во Бик ќе ве научи дека без оглед што и да се случува, ќе треба кротко да продолжите по својот пат. Сега повеќе нема враќање назад. Ако сакате добро име меѓу луѓето, научете да пиете од туѓите чаши и ако сакате пред светот да сте чисти, научете се да се искапете и во валканата вода. Истрајте.

РИБИ: Конечно разбирате дека при расправиите секогаш се губи вистината: размислете како да ги разјасните работите. Минатото е зад вас: иако зборувате со мек глас, доказите се и повеќе од очигледни. Судбината ги меша картите, а ние играме според неа: прифатете ги последиците разумно и не судете повеќе. Бидете објективни.

Ирена Танчева

АСТРОЛАБ

[email protected]