Хороскоп: Што велат ѕвездите за викендов


ОВЕН: Добро е да сте член во некоја организација или друштво, а кое се грижи за општата благосостојба. Најдете им се на другите во служба и направете отстапки. Ставете ги емоциите под контрола и погледнете се себеси низ туѓа перспектива. Тивко барајте одговори.

БИК: Со Месечината во Девица се појавуваат услови за напредување, особено на креативен план и во областа на забавата и децата. Внимателно ослушнувајте кога е време за напредување и разбудете ги своите сензори. Разумно изберете што треба да оставите зад себе, а што не.

БЛИЗНАЦИ: Воспоставувате правилна комуникација со блиските и работите за да ги поврзете другите за некоја идна идеја. Ги активирате своите врски и истапувате, конфронтирајќи се со предизвиците. Добро е да бидете директни, но не и деструктивни, затоа внимавајте.

РАК: Месечината се гаси и сега правите напори да истраете во суровата и тешка реалност. Разберете дека сте ја минале границата – така стојат работите – затоа повлекувајте се. Ќе направите вистински избор, доколку го избирате само најдоброто за себе. Бидете автентични.

ЛАВ: Правите обиди да останете во ритам со останатите, а во исто време да не ја изгубите својата индивидуалност. Тимската работа или координација е особено важна, како кога воен оркестар чекори по тактот на некој марш. Сепак, најдете време за соодветна релаксација.

ДЕВИЦА: Месечината во вашиот знак има двојно влијание: луѓето ги перципираат истите работи на себе си својствен начин. Повикани сте да избирате помеѓу две сосема различни опции, затоа разбудете се и не стојте на страна! Вашата лична моќ расте – фокусирајте се и планирајте добро.

ВАГА: Ова е време кога не е добро да бидете исклучителни, кога ќе се бара нешто од вас. Најдобро ќе е да почекате и да ја разгледате ситуацијата, бидејќи ќе се откријат сосема нови моменти. Надеж има, но треба да жртвувате нешто и да ги поддржите останатите. Одморете.

СКОРПИЈА: Не ги разбирате сосема добро работите – земете книга во раце и откријте го нивното значење. Постои извесен кодекс, а кој мора и вие да го пратите. Иако сте силни, моќни и ги гледате идните настани, сепак ви е потребен подлабок увид, покрај логичното објаснување.

СТРЕЛЕЦ: Како да постои невидлива бариера помеѓу вас и она што го посакувате. Како да сте залепени за излогот на некој бутик – го гледате саканото, но продавницата е затворена. Не играјте игри и бидете искрени, зарем ја изгубивте можноста да верувате? Ако веќе чекате, најдете време за љубов.

ЈАРЕЦ: Период кога се однесувате сосема невообичаено, но ги наоѓате потребните аргументи за да се ослободите од некоја незгодна ситуација. Не дозволувајте преголемата возбуда да ве занесе и да избрзате летајќи во матно, како гуска во магла – имајте самоконтрола и ценете се.

ВОДОЛИЈА: Потребен ви е план и акција, но како да пукате во празно – немате јасна идеја за тоа што сакате. Најдобро ќе биде да вежбате трпение и да се спремате за следната недела, кога ќе имате подобри шанси. Вложениот напор ќе ви се исплати, но не веднаш. Регенерација.

РИБИ: Најдобро е да имате хумористична перспектива за сегашните случувања – како да имате розови очила, кои ќе ви донесат креативни солуции и ќе ве спремат за блиската иднина. Не ѝ дозволувајте на љубопитноста да ве донесе на саканото место, сега кога не е вашето време.

Ирена Танчева

АСТРОЛАБ

[email protected]