Хороскоп: Што велат ѕвездите за викендов


ОВЕН: Сега е време да го послушате своето срце и да се повлечете на некое тивко место одбивајќи да учествувате во ситуации под вашите стандарди. Кога станува за повреда на личната чест, секогаш се вклучени повеќе личности, а сега е време да разберете дека се повлекувате за да го сочувате мирот. Имате среќа.

БИК: Од вас се бара практичност: нема потреба да плачете по истуреното млеко и да се чувствувате како жртва. Време е да ги напуштите незадоволителните услови, погрдни зборови и со поддршка од Меркур во Водолија да се претставите во ново руво пред светот. Вашите жртви не се залудни. Дајте го најдоброто од себе!

БЛИЗНАЦИ: Времето за неодлучност завршува и она што до сега беше мистерија, ќе може да се разреши. Планетите од Водолија ве активираат и ова е период кога ќе ја покажете зрело својата личност. Духовити, весели и шармантни, ќе знаете да се справите со оние работи кои на другите им претставуваат тешкотија. Кураж!

РАК: Овој викенд вниманието е насочено кон домот и потребите на саканите: знајте дека се приближувате кон помирни води, иако можеби за сега не сте сосема свесни за тоа. Периодот на агонија или болест завршува и ќе најдете храброст да погледнете во себе, признавајќи си дека ви е потребно култивирање. Такт.

ЛАВ: Сега е време за приспособување: иако имате еден грст на креативни идеи, кои за волја на вистината чекаат реализација веќе некое време, дел од нив ќе треба да се рафинираат. Бидете спокојни, Сонцето и Меркур во Водолија ги забрзуваат работите и набрзо ќе знаете како да ги имплементирате сите компоненти. Успех.

ДЕВИЦА: Марс и Уран од Овен ја подгреваат атмосферата и иако можеби сакате да дејствувате, ова е сепак време да ја трансформирате својата енергија во истрајност. Останете фокусирани на целта, не избрзувајте при носењето на одлуки и верувајте дека набрзо ќе го постигнете саканото. Не откажувајте се сега!

ВАГА: Иако сте веќе изморени, сепак ќе изнајдете сила да ги претставите своите идеи. Знаете дека сте под окото на јавноста, затоа бидете умерени при правењето на договори, како од приватна, така и од професионална природа. Набрзо ќе го постигнете саканото признание и сите очи ќе се вперени кон вас! Славопои.

СКОРПИЈА: Сè уште под влијание на Лунарната Еклипса, се прашувате дали постапувате чесно: приватно и професионално. Убав период да се повлечете и уживате во љубов и страст. Интимата е важен сектор од човечкиот живот, а не само стремењето кон материјални постигнувања. Среќа и радост во ретките моменти.

СТРЕЛЕЦ: Тајните бизнис договори се покажаа јалови и кулата од карти колабираше со неверојатна брзина. Сепак, вас ве краси неверојатна мудрост и со поддршката на Јупитер во својот знак ќе знаете како да го искористите знаењето за да се вратите на првобитната позиција. Можеби ќе треба време, но ве чека успех!

ЈАРЕЦ: Зарем некој може да ја задржи вашата среќа? До неодамна се чувствувате под голем притисок и должности, но сега е време за уживање во голема независност и слобода. Имате финансиски фидбек и може да појдете на изложба, вечера или театар. Напуштете ги работите кои што немаат сјај повеќе.

ВОДОЛИЈА: Навистина нема потреба да изигрувате жртва: пред вас лежат еден куп докази и чекаат да бидат разгледани. Залудно е вашето задоволство, ако се темели врз нечија несреќа. Вашата хумана и објективна природа ќе ви помогне да го надминете ова и ќе ја разберете длабочината на пораката што е упатена до вас.

РИБИ: Ако за некој може да се каже дека ќе ужива во убаво расположение, романса и креативен период, тогаш тоа сте вие пријатели! Ќе знаете како да извлечете пораки од некоја госпоѓа со прогресивни идеи и на тој начин да се претставите пред најблиските. Убави шанси за патување, како и за изучување на мистика.

Ирена Танчева

АСТРОЛАБ

[email protected]