Хороскоп: Што велат ѕвездите денес


ОВЕН: Изобилство што е добро да го споделите со другите. Заемното давање и добивање носи двојни благослови. Разгледајте ги своите потреби, погледнете подлабоко во себе, каде што ќе ги најдете најмоќните ресурси. Време за трпение и посветеност. Издржете.

БИК: Барате награди како што децата го бараат крајот на виножитото за да го најдат грнето со злато. Она што го посакувате е речиси на дофат. Сепак, разберете дека сè што светка не е вредно. Денешниот предизвик е да не барате брзи награди. Барем вие знаете да чекате.

БЛИЗНАЦИ: Што и да се случи, сетете се дека сето ова е ваша креација. Лотосот вирее во калта на езерото, така што за да дојдете до својот цвет и плод, ќе треба да се адаптирате на условите. Избирајте добро што е за вас, а што не. Добро е да имате верба и да скокнете во непознатото.

РАК: Внатрешна моќ – потпрете се на силата за која не знаете ни дека постои. Бидете решителни и имајте чест кон семејното наследство, како кон некој стар меч кој се предава од колено на колено. Доколку некој ве навреди, бидете достоинствени и закопајте ја секирата.

ЛАВ: Возбудлива промена, а другите реагираат на вашиот шарм и убавина. Реорганизирајте се и прераспределете ги силите. Слушајте ја интуицијата и успехот нема да изостане. Поврзете се со себеси правилно. Прашајте се дали доволно ги разбирате нештата.

ДЕВИЦА: Чекајте информација, порака или вести. Би можеле да чуете поволни вести, но не барајте одговор вон себе. Во вас се случуваат промени и можни се изненадувања. Поработете на својата чувствителност, дејствувајте, а потоа одморете. Ќе се изненадите самите себе.

ВАГА: Денес сте како номад, чекате секое време да се преселите на некое ново место. Бидете подготвени, ако сте гостин, знаете дека не е добро да останете предолго. Имајте на ум да бидете лесни како светлината, во сè што ќе сретнете и ќе искусите. Посетители и гости.

СКОРПИЈА: Сега не е добро да глумите, да бидете усилени и прегласни. Токму овие манири ќе ја оддадат вашата несигурност. Подобро ќе биде потребата за глумење да ја искористите креативно и да дојдете до некое конкретно дело. Ова е конструктивен процес.

СТРЕЛЕЦ: Живееме во време кога има голем прилив на информации и често се случува да ги пренесуваме без да сослушаме доволно. Денес е таков ден. Внимавајте на добиените информации и не позајмувајте ниту идеи, ниту туѓи зборови. Проверете сè одново и бидете сигурни.

ЈАРЕЦ: Месечината во вашиот знак ве прави почувствителни и кревки, како да газите на нешто кршливо, внимавајќи да не се распадне. Доаѓате до нови сознанија и знаете како да им ги пренесете на другите, та и тие да добијат корист од нив. Хармонични збиднувања.

ВОДОЛИЈА: На почетокот, сè се чини дека е изводливо. Доколку постои смиреност, тогаш е добро да се направат првите чекори сега. Имајте предвид дека серенадите се убави, но не се трајни. Ако следите некоја цел, запаметете дека таа нема да биде таму уште многу време.

РИБИ: Се посветувате ритуално на своите повисоки цели, како свештеник кој чади со темјан околу олтарот. Ова е начин за прочистување, кој креира амбиент на исчудување и обожавање. Желбата да се промените е ефективна сега. Бидете начисто со себе и сè ќе биде во ред.

Ирена Танчева

АСТРОЛАБ

[email protected]