Хороскоп: Убав ден за вагата, неповолни вести за јарецот


ОВЕН: Денес е добро да внимавате на својот буџет и да не се препуштате премногу на физички задоволства и луксуз. Месечината во Бик повикува на практична употреба на силата, по што ќе следуваат стабилност и комфор. Дарови.

БИК: Во блиските врски имате големо чувство на должност и љубов. Сепак, можно е да се појави некоја предизвикувачка ситуација од која ќе извлечете добра лекција. Ќе успеете за малку да избегнете критика, цензура и рестрикција.

БЛИЗНАЦИ: Отворете го срцето за едноставна емпатија и сфатете ја туѓата состојба низ оваа форма. Тоа ќе ви даде спиритуална сила и чувство како да љубите. Неочекуваното прегрнете го со обете раце, резонирајќи логично. Разум.

РАК: Неколку аспекти чинат да се чувствувате конфузно и како да сте заведени од својот вистински пат. Не мамете се самите, туку најдете сила да се соочите со несигурноста, залажувањето и автодеструктивноста. Бидете будни и интуитивни.

ЛАВ: Не препуштајте им се на чувствата на осаменост и несигурност – во вас лежат огромна сила, здравје и радост. Сега сте полни со зрелост, мудрост и имате способност за интроспекција. Потпрете се на вашите внатрешни ресурси.

ДЕВИЦА: Чуден пресврт на околностите и надворешни влијанија – во вас се случува голема промена и можеби треба да платите некој кармички долг. Затоа бидете флексибилни, нежни и грижливи, па со голема дипломатија ќе успеете.

ВАГА: Убав ден во кој ќе најдете време да паузирате од сè и да видите до каде сте напредувале. Можеби ќе треба да донесете сериозни финансиски одлуки, затоа не брзајте, туку бидете трпеливи и издржливи. Правете реална проценка.

СКОРПИЈА: Зошто си дозволувате да се повлечете и го затворате своето срце пред едноставните задоволства во животот? Нема потреба да бегате и да живеете во минатото. Бидете зрели и прифатете ги должностите на зрелоста.

СТРЕЛЕЦ: Штом ќе прејде Месечината во Близнаци, во вас ќе се јават одреден немир и ментален дисбаланс. Бидете внимателни и не напуштајте ги проектите среде работа. Ако сте уморни, повлечете се и вратете се со нова сила одморено.

ЈАРЕЦ: Месечината што се гаси може да ви донесе неповолни вести околу финансиите, работата и физичкиот свет. Не претерувајте сега уживајќи во преголем луксуз, туку направете план за штедење и фокусирајте ја енергијата.

ВОДОЛИЈА: Кај вас се јавува итрина, но и агилност за да се соочите со несаканите околности во животот. Пораснете и прифатете ги зрело работите, соочувајќи се со сегашноста. Внимавајте на оние што не ви сакаат добро и заштитете се денес.

РИБИ: Денес сте центар на многу збиднувања – некои од нив со многу поволен карактер, а дел во кој може да се почувствувате отфрлено или несакано. Отворете се и работите ќе се разјаснат сами од себе, така што ќе дојдете до разбирање.

Ирена Танчева

АСТРОЛАБ

[email protected]