Хороскоп: Разделба за овенот, пресврт за бикот


ОВЕН: Не затворајте го своето срце за едноставните радости во животот и не дозволувајте си да живеете во минатото, така што ќе бегате од реалноста. Сега е добро да ги прифатите одговорностите на зрелиот живот, како и радоста која тие ја носат. Разделба од некој пријател.

БИК: Неочекувани случки кои ќе доведат до позитивни пресврти во животот. Сега е важно јасно да дефинирате што сакате – дали е тоа богатство, имот или самодисциплина и лична волја? Уживајте во добрата среќа, но најдете време и да ја споделите со другите околу вас. Ценети сте

БЛИЗНАЦИ: Денес ви е потребна љубов и посветеност, бидејќи имате чувство дека сте заглавени и не растете. Сепак најдете сила да се релаксирате, бидејќи наскоро ќе се појават убави шанси за дејствување. Истражете ги своите мотиви и потреби бидејќи можно е да брзате.

РАК: Сега ќе биде добро да најдете време да се повлечете за да се прегрупирате. Сѐ околу вас е во големо движење, па привременото повлекување ќе е вистински погодок. Организирајте ги своите мисли и формулирајте нов план. Бидете смирени и будно гледајте како да напредувате.

ЛАВ: Се појавуваат убави можности на хоризонтот – моќни личности, бизнисмени или подароци кои треба да ги исползувате. Сега добро се информирате за светот, туѓите вештини и умешност и ги храбрите и останатите да успеат. Практично ги применувате испробаните методи. Резон.

ДЕВИЦА: Немојте да сте бавни сега кога е потребна одлучна и директна акција – не можете да згрешите! Ако се чувствувате блокирано, знајте дека тоа е од субјективна природа. Не очекувајте помош од другите, туку преземете ги работите во свои раце. Ако треба, почекајте.

ВАГА: Месечината во Овен ве прави неодлучни – се соочувате со контрадикторни ситуации и со можна тензија. Затоа внимавајте да не направите погрешни одлуки и некој да ја изигра вашата доверба. Не се самозалажувајте и не ги оправдувајте туѓите нечесни дејствија. Нечувствителност

СКОРПИЈА: Осаменост и несигурност – зошто им дозволувате на своите најмрачни особини да го водат вашиот живот? Не бидете заглавени во минатото и сеќавањата и заборавете на носталгијата, фокусирајќи се на сегашноста. Можен е сојуз со некоја личност, но не давајте сѐ.

СТРЕЛЕЦ: Задоволство и чест поради успешно завршена работа која е од големо значење. После долго време на искушенија, денес доживувате триумф поради кој ќе сте горди. Можна прослава поради добиените добри вести или реализацијата на вашите надежи и сништа. Прекрасен ден.

ЈАРЕЦ: Денес е добро да внимавате да не пропуштите некоја интересна шанса, како и да внимавате на здравјето и вашите соработници. Не им дозволувајте да ја злоупотребуваат вашата доверба и повлечете се ако треба. Една изгубена битка не значи изгубена војна. Трпение

ВОДОЛИЈА: Сега се препуштате на мечтаење и можно е да ја распрснете својата енергија во сосема непродуктивни области. Застанете за миг и прашајте се што навистина сакате? Никој не успеал седејќи на две места, а не па на три! Не бркајте шарени змејови, фиксирајте се реално.

РИБИ: Губите баланс, интегритет и хармонија и затоа не можете да мрднете напред. Почекајте со дејствувањето додека да се донесе подобра одлука. Легални процедури или судења, како и нечесни решенија и нивни последици. Во вас се одвива внатрешна борба и изненадувања сега.

Ирена Танчева

АСТРОЛАБ

[email protected]