Хороскоп: Позитивен пресврт за ракот, несигурност за девицата


ОВЕН: Денешното депресивно расположение ќе се смени набрзо – не ги игнорирајте советите на пријателите и обидете се да не ги налутите со груби зборови. Ако треба, премолчете нешто и не ги ширете сите информации до кои доаѓате. Сепак ова ќе е добар ден за трговија и уметност.

БИК: Денес е добро да внимавате како се однесувате со луѓето – обидете се да ги процените нивните дела, без да бидете премногу критични. Бидете штедливи и спремни за неочекувани случки кои можат да ја нарушат вашата сакана рутина. Остварувањата се пролонгираат за сега.

БЛИЗНАЦИ: Обидете се да не ја изгубите големата и тешко извојувана битка со мрзеливост и декаденција. Најдете начин да ги наградите останатите кои ви помогнаа во вашиот успех и да им обрнете внимание на сегашните проблеми. Не се занесувајте со нереални желби и планови.

РАК: Со Меркур во својот знак доаѓате до неочекувани случки кои ќе донесат позитивни пресврти во вашиот живот. Отпочнувате нов животен стил и успевате да се справите со тешкотиите. Нешто ќе оставите зад себе – проект, работа или врска – и се посветувате на друго

ЛАВ: Иако сте блиску до посакуваниот успех, се чини како нешто да го блокира тоа – немојте да бидете вознемирени премногу. Она што сакате да го постигнете може да е нешто поразлично од вашата првична замисла, затоа почекајте малку. Бидете храбри со опонентите. Рекреација.

ДЕВИЦА: Не ѝ дозволувајте на моменталната конфузија да ве заведе од вистинскиот пат. Обидете се да ја чуете својата интуиција и не дозволувајте да ве мамат. Несигурноста може да ве доведе до автодеструкција, затоа разгледајте ги подлабоко работите. Чувајте ја својата сила.

ВАГА: Со малку помало расположение, сепак успевате да се справите со можните загуби – ја надминувате тагата и продолжувате понатаму со животот, сфаќајќи ја вредноста на она што сѐ уште го имате. Набрзо се појавува нова надеж и перспектива. Можни се ситни подароци сега.

СКОРПИЈА: Денес би можеле да се соочите со интензивна битка која е мотивирана исклучиво од желбата за натпревар. Можен мал хаос воден од бескрајни и ситни кавги и компликации. Вжештена дебата, предизвик или стресна ситуација која ќе го извади најдоброто од учесниците.

СТРЕЛЕЦ: Ова ќе биде прекрасен ден доколку решително ја преземете улогата на лидер. Можно е некои луѓе да не му се радуваат на вашиот успех, но не им обрнувајте внимание. Добро ќе биде да не ветите повеќе отколку што можете да остварите. Не бидете растрошни.

ЈАРЕЦ: Иако ви се чини дека сте поразени, сепак нештата на кои работите минатите години ќе почнат да се остваруваат. Вложете само уште малку напор, како и резон и интелигенција и верувајте во остварување на своите желби. Бидете храбри и директни и ќе постигнете успех.

ВОДОЛИЈА: Во блиска иднина може да очекувате големи промени. Дотогаш е добро да не започнувате ништо ново, за да не западнете во некоја глупава ситуација. Можеби некој шири шпекулации за вас? Немојте да се плашите ако сметате дека не можете да се потпрете на блиските.

РИБИ: Колку и да сакате, сега е сепак подобро да соработувате со другите, наместо самите да ги влечете сите конци во своја рака. Не ги преценувајте своите ментални капацитети и да станете арогантни и неумерени. Тоа би можело да го загрози остварувањето на вашите планови денес.

Ирена Танчева

АСТРОЛАБ

[email protected]