Хороскоп: Нови шанси за ракот, добри одлуки за вагата


ОВЕН: Иако се чини дека работите не се движат во саканата насока, имајте предвид дека можеби треба да ја смените својата перцепција. Дали сте заглавени во магичен круг на недоверба? Сега е добро да штедите и со конкретна акција да го постигнете потребното. Пат.

БИК: Немојте да сте бавни во ситуациите што бараат брзина и имајте имагинација и волја да се обидете со поинаков пристап, дури и да не сте сигурни во исходот. Мрзеливост и стагнација, но дури и блокадите може да доведат до прогрес. Бидете внимателни и трпеливи и чекајте сега.

БЛИЗНАЦИ: Денес би можеле да се соочите со измама или интелектуална гордост, а тоа го потенцира чувството на заглавеност без видлива солуција. Не ѝ дозволувајте на анксиозноста и фрустрацијата да ве извадат од тек, туку обидете се да се повлечете за сега и планирате за утре.

РАК: Можеби сте во дилема и по малку несигурни, но не дозволувајте негативните емоции да го обојат овој ден. Пред вас се отвораат нови шанси, но треба прво вие да црпнете од бунарот за да се наполните, а потоа да им дадете сила и на другите. Замижете пред мааните на луѓето сега.

ЛАВ: Имате чувство дека сте заглавени во безнадежна ситуација од која е невозможно да се повлечете. Што и да правите денес, нема да ги постигнете саканите резултати, затоа почекајте бар уште малку. Размислувајте за идните планови и чекајте подобро време. Трпение и совети.

ДЕВИЦА: Денес зрачите со голема самодоверба, страст и сензуалност и доаѓате во центар на вниманието. Не само што ги рефлектирате желбите и потребите на останатите, туку и ги распалувате нивните стремежи. Полни со виталност и харизма чекорите храбро кон саканото.

ВАГА: Ова е ден кога е добро да внимавате на некоја експлозивна ситуација, која може да ги сруши вашите најдобри намери и да ги инволвира и вашите блиски. Знаете дека пред вас стои работа, на внатрешен и надворешен план, па знаејќи го скриеното, ќе донесете добри одлуки.

СКОРПИЈА: Нагла промена која ќе го смени вашиот животен стил – што и да започнете, добро е да знаете дека ќе ви е потребно време за реализација на плановите. Бидете трпеливи и почекајте, живеејќи повлечено следните три месеци. Послушајте совет од женска личност сега.

СТРЕЛЕЦ: Не се откажувајте сега верувајќи им на своите стравови, неодговорност или наивност. Самоизолацијата од саканите не е добра опција, затоа послушајте ги зрелите совети кои што ви се нудат. Неразумно сте недоверливи, се криете и мамите – нема потреба од тоа. Бидете мудри.

ЈАРЕЦ: Се чини дека денес вложувате нагло голема сила, а тоа не е потребно, бидејќи може сосема будалесто да влезете во некоја незгодна ситуација. Не му дозволувајте на нетрпението да ги распие вашите напори или да донесете погрешни одлуки во љубовниот живот и бизнисот.

ВОДОЛИЈА: Имате потреба да се повлечете од надворешниот свет за да соберете сила и да размислите од ново за сѐ. Истражувате во себе барајќи инспирација и внатрешна визија, поради големата потреба да разберете и научите. Совет од некој мудар човек кој има големо искуство.

РИБИ: Пред вас се отвораат судбински патеки, па добро е да бидете отворени за она што имаат другите да ви го кажат. Средба со луѓе кои веруваат во традиционалните методи, а кои ќе ве поддржат со симпатија и лојалност. Иницијација на проект, на личен или професионален план.

Ирена Танчева

АСТРОЛАБ

[email protected]