Хороскоп: Мудри чекори за бикот, работа на два фронта за ракот


ОВЕН: Отпочнатите промени веќе ви носат резултати, а вашето знаење се продлабочува во разбирање. Со нова перспектива размислувате за амбициите, плановите и целите, но внимавајте на скриените препреки и не игнорирајте го реалното, копнеејќи по недостижното.

БИК: Поради загриженоста околу финансиите, ќе успеете да направите мудри чекори – денес добро се справувате со потенцијалните тешкотии и имате голем внатрешен мир. Сега сфаќате дека страдањето и болката во животот служат за да се научи нешто и да се порасне на духовно ниво.

БЛИЗНАЦИ: Конечно пред вас се отвораат повеќе можности да напредувате пошироко и да постигнете задоволство во повеќе сектори од животот. Денес добивате заслужени признанија и  награди, во кои ќе уживате неизмерно. Време за просперитет, сигурност, радост, но и патување.

РАК: Сега знаете дека ве чека работа на два фронта – навнатре и надвор – и имате верба во традиционалните методи. Можна средба со личност која ќе ви даде инструкции, насоки или инспирација, а кои ќе ги послушате со благодарност. Слушајте ја својата интуиција и почекајте.

ЛАВ: Денес сте бестрашни и полни со авантуристички дух, подготвени да преземете ризици и да се соочите со најтешкото. Обидете се да откриете што е тоа што ве мачи, што ве спречува да напредувате и напуштете ги старите облици на однесување. Така ќе го забрзате прогресот сега.

ДЕВИЦА: Во фокус доаѓаат партнерските врски – што и да се случи, имајте добра доза хумор. Дури и неуспесите може да се сметаат за успеси, ако на тоа се гледа филозофски. Привршување на одамна започнатите проекти, со кои ќе дојдете до нови сознанија и баланс на кармата.

ВАГА: Денес е добро да обрнете внимание на своето здравје, како и на вашето друштво. Ако некој ве користи и вие го знаете тоа, тогаш знајте дека вие сте одговорни и за исходот на нештата, а не другите. Само така ќе имате добивка од нивна страна. Немојте да сте немирни и анксиозни.

СКОРПИЈА: Како да сте замрзнати на едно место и не можете да се придвижите напред – некои стари навики ќе останат зад вас и така е најдобро сега. Сето ова е природен циклус, како и смената на сезоните – причекајте малку. Одбијте ги лошите совети и не игнорирајте ги добрите.

СТРЕЛЕЦ: Денес се соочувате со некој што има моќ и сила, кој господари со ситуацијата и е добар и убедлив говорник. Времињата се менуваат, па така морате и вие. Можеби немате никакво влијание врз нештата, но контролирајќи ги емоциите и со резон ќе дојдете до саканото.

ЈАРЕЦ: Не шпекулирајте без да ги земете предвид реалните состојби. Велат најтемно е пред да зазори, затоа не ѝ се предавајте на тагата, очајот или депресијата. Сега треба да направите одлучни дејствија за бргу решавање на тешкотиите. Не дозволувајте да бидете блокирани.

ВОДОЛИЈА: Сѐ што се случува сега е на време и во име на ваше лично напредување. Сосема зрели, неподмитливи и со голем авторитет, нема да дозволите да бидете излажани од туѓите емоции. Размислувате сосема јасно и преземате директна акција, говорејќи убедливо. Доверба.

РИБИ: Вашето напредување денес ќе биде бавно – дали си дозволивте преголемо уживање за време на викендот? Обрнете внимание на финансиите и на блиската околина. Не препуштајте се на физичкото уживање и луксуз, кој ќе ве заведе од саканата насока. Разборитост.

Ирена Танчева

АСТРОЛАБ

[email protected]