Хороскоп: Лавот да ги прифати промените, рибите да се повлечат


ОВЕН: Можно е да не успеете да ги искористите дадените шанси денес – некој ви работи од зад грб и вашата сила може да биде искористена против вас. Како ќе го доживеете ова, сѐ зависи од вас и вашата свесност. Запаметете дека животот е циклус, а следниот пат вие ќе имате предност.

БИК: Денес сте добро информирани за материјалните работи, но може да ги игнорирате потешките аспекти од прашањето. Сепак работите се остваруваат пред вас и на тој начин нејаснотијата испарува. Покажете им го на другите своето знаење и разбирање. Успешен баланс.

БЛИЗНАЦИ: Многу веројатно ќе научите вредна лекција денес – за малку избегнувате критика, цензура и наметнување на надворешни рестрикции. Фокусирајте се на коренот на проблемот за да се ослободите од тешката ситуација. Соочување со минатите неуспеси и понижувања. Логика.

РАК: Сега ѝ верувате на интуицијата и својата интелигенција и се упатувате кон непознатото. Напуштате сѐ што повеќе не ве исполнува и зацртувате нов курс. Ова е премин од тешкотиите кон попрогресивни солуции, како и начин за исцелување. Можно е патување и истражување.

ЛАВ: Денес се соочувате со циклична трансформација која ги открива сокриените работи од голото око. Од нешто ќе треба да се откажете за да напредувате понатаму. Колку и да ви е тешко, сепак прифатете ги промените и послушајте совет од страна на женска личност. Нега и одмор.

ДЕВИЦА: Огромна промена и трансформација, можно ќе е болна и трауматична. Видете што се случува со вашето здравје и познаниците и доколку некој го злоупотребува вашето внимание, отстранете го од својата средина веднаш. Можеби се чини дека губите, но знајте дека не е така.

ВАГА: Имајте во предвид дека денес тајмингот е најважна работа – што и да правите, внимавајте на можните придобивки и шанси. Не дозволувајте да ви лизнат низ прстите, туку најдете начин да си поставите реалистични цели, со кои преку тешка работа ќе дојдете до успех и финансии.

СКОРПИЈА: Денес им дозволувате на страстите да преземат контрола врз вашиот живот – се препуштате на сензуални уживања и дозволувате да бидете заведени од материјалното. Не бидете толку опсесивни во однос на парите, бидејќи така ќе живеете во страв и врзаност. Луксуз.

СТРЕЛЕЦ: Дефинитивно се појавува потреба за ограничување – нешто ве задржува и ќе треба да ги размислите своите планови многу внимателно. Сепак место за напредување има, доколку сте креативни, продуктивни и поставите нови основи за својата работа. Иницијатива и практичност.

ЈАРЕЦ: Нефлексибилно и догматско размислување – обидете се да излезете од познатата рутина и не бидете тврдоглави. Внимавајте некој може да ви даде некомпетентен совет, а вие да не ја слушнете својата интуиција. Затоа е добро да размислувате екстраординарно и да успеете така.

ВОДОЛИЈА: Би можеле да чуете непријатни вести кои ќе ви помогнат да се дистанцирате од деструктивната врска – приватна или професионална. Времето бара болно отворена комуникација, но не дозволувајте емоциите да ве вовлечат во негативна ситуација. Предавство.

РИБИ: Свесни сте дека засега нема да можете да преземете поголеми должности, а на тој начин си отворате можност за одмор и нега. Со внимателна грижа за својата благосостојба ќе избегнете непотребни напори и евентуална туѓа тиранија. Повлечете се во мир и ќе успеете.

Ирена Танчева

АСТРОЛАБ

[email protected]