Хороскоп: Инспирација за вагите, решителност за овните


ОВЕН: Денес сте решителни и свесни за своите цели и начини како да ги постигнете. Добро ја користите својата сила и медитирате како да ги исполните своите аспирации. Креирање стратегии – имате длабока моќ за убедување.

БИК: Дали застанувате да се запрашате вредеше ли вашиот напор?Вредеше ли да се борите за своите проекти и наметнување на своите идеали? Кој напор навистина вредеше? Заслужувате да се ослободите од вината и разјасните сè.

БЛИЗНАЦИ: Вашата самодоверба се враќа денес и ги користите најдобро што можете своите таленти, па ќе бидете забележани на работното место. Со силна и искрена заводливост доаѓате до целта.

РАК: Сега сте спремни за работа и ја користите својата сила конструктивно – силно сте мотивирани и имате енергија. Внимавајте на склоноста кон импулсивност и силни емоции, а најдете време да се одморите дома вечерта.

ЛАВ: Се среќавате со старите пријатели и пронаоѓате ново значење во својот живот. Универзумот ви отвора прекрасни шанси да се посветите во своите полиња на интерес и да ги искористите сите свои таленти. Средба со минатото.

ДЕВИЦА: Со Месечината во Вага, откривате нови начини кои ќе ви овозможат да ги развиете своите проекти. Контакт со истомисленици и поддршка од соработниците. Почнување бизнис, партнерство или некакво здружување.

ВАГА: Пронаоѓате ново значење во својот живот гледајќи ги фактите и својата приказна низ сосема нова перспектива. Сега сè добива смисла! Наученото и искуствата волно ќе ги споделите со помладите и понеискусните. Инспирација.

СКОРПИЈА: Ова е време кога ќе се ослободите од стариот систем од кој зависевте – можеби ќе сте разочарани, затоа што сметавте дека старата структура ќе трае вечно, но на крајот ќе прифатите дека имате и други потреби.

СТРЕЛЕЦ: Наоѓате начин да се поврзете со својата околина, кој е чист и уникатен. Го имате она што им е потребно на луѓето и тие се благодарни за вашата широкоградост. Работите со своите таленти и ги развивате. Синхроницитети.

ЈАРЕЦ: Сега ги добивате и последните орудија кои ќе ве припремат за нови можности – неочекувани шанси, кои треба да ги прифатите без размислување. Ова се случува затоа што заслужувате, а прашајте се што уште ви е потребно?

ВОДОЛИЈА: Имате чувство дека сте започнале повеќе работи, кои никако да се остварат. Ова е затоа што имате повеќе таленти, а не сте биле во можност да ги користите комбинирано. Еден талент се издвојува и сега е време за употреба.

РИБИ: Денес сте пред предизвик дали да започнете важен проект, кој може да доведе до лично исполнување. Потребна ви е сила за да ги искористите своите таленти. Ова е време за експанзија на бизнисот, инвестиции, натпревар и сила.

Ирена Танчева

АСТРОЛАБ

[email protected]