Хороскоп: Изобилство за лавот, промени за јарецот


ОВЕН: Добро е да излезете од туѓата сенка зад која се криете бидејќи вака не го користите својот полн капацитет. Исправете се и истакнете се, знаејќи дека вашата работа е многу важна и не треба да се плашите од тоа. Идеи.

БИК: Денес учите како да се изолирате од туѓите мислења и проблеми – сфаќате дека сте се вплеткале во работите на другите луѓе. Имајте самодоверба дека ќе ги решите проблемите и дистанцирајте се од тешките ситуации. Компетентност.

БЛИЗНАЦИ: Доаѓате до реализација дека е време да изградите нови основи во својот живот и да постигнете поголема независност. Грижете се за себе и за своето здравје и најдете време за релаксација. Планирање на исплатливи активности.

РАК: Би можеле да се соочите со динамична атмосфера, која ќе треба да ја балансирате наоѓајќи факти со кои ќе се ослободите од непотребната вина или обврски. Во љубовта почнете повеќе да се цените себеси и не плашете се сега.

ЛАВ: Месечината во Стрелец ја зголемува вашата самодоверба и сега може да се потпрете на своите капацитети и да зависите само од себе. Интензивен социјален живот, размена на креативни идеи и реципрочни врски. Изобилство.

ДЕВИЦА: Имате добро чувство за себе, како и верба во своите способности. Прашајте се како подобро да ги искористите своите таленти и да не ја расфрлате енергијата наоколу. Посветете се на своите проекти и истражувајте.

ВАГА: Планетите укажуваат дека сега учите да ги прифатите нештата кои не може да се сменат и на тој начин ќе ги менаџирате својата енергија и физичка состојба и ќе се цените онакви какви што сте. Најдете време за во природа.

СКОРПИЈА: Одлучувате да направите големо чистење во својот живот и да исфрлите сè што не ви треба повеќе – маски, костими и карактери кои воопшто не сте вие. Сега е време да се завртите кон своите потреби и да се откриете себеси.

СТРЕЛЕЦ: Месечината во вашиот знак ви дава самодоверба и сега подобро се разбирате себеси и она што вам ви е важно. Наоѓате нов клуч или начин кој ќе ви помогне како да вибрирате во светот и така да се пронајдете себе повторно.

ЈАРЕЦ: Денес имате голема потреба да се смените и со голема зрелост го пронаоѓате својот пат. Сфаќате дека не сте истата личност од пред неколку години и сега сте помудри. Промени и патувања. Завршување на еден циклус.

ВОДОЛИЈА: Моментално имате стабилност во еден аспект од својот живот, а потребна ви е поголема сигурност. Постојат аспекти кои упорно ги игнорирате, но сега е идеално време да погледнете подлабоко во себе и да видите што фали.

РИБИ: Многу веројатно ќе ѝ откриете нешто за себе на некоја блиска личност – идеи, планови или тајни – и така ќе дојдете до нови решенија. Погледнете ги луѓето одново и откријте и вие нешто ново за нив, нешто сосема непознато.

Ирена Танчева

АСТРОЛАБ

[email protected]