Хороскоп за вторник


ОВЕН:
Месечината во Стрелец укажува на неочекуван предизвик, за кој што ви е потребна остроумност и праведно дејствување. Полни со љубов за работите поврзани со изучување и логика, денес ќе треба да го зацврстите својот карактер и да поставите нова цел. Прекрасен ден за надминување на тешкотиите и слобода.

БИК:
Можеби сметате дека нема што да ве утеши, но денес се појавува убава шанса да се одморите и наполните батериите: успешно решавање на некој проблем и цутење во љубовните врски. Минете време со саканите уживајќи во меѓусебните разлики и така вратете го балансот во животот. Сменете ги приоритетите. Трансформација.

БЛИЗНАЦИ:
Запамтете дека ова е успешен период кој што ќе потрае уште некој месец: Јупитер во Стрелец ве поврзува со луѓе со кои имате исти афинитети и денес би можеле да појдете на некаков вид на славење, фестивал или годишнина. Нова и спонтана врска, како и зачеток на некоја работа или проект. Вашите соништа постануваат реалност!

РАК:
Динамиката во секојдневието се менува и почнувате да ги разбирате потребите на оние околу вас: доколку сакате да имате трајно влијание врз ситуацијата, потребно е да бидете трпеливи, смирени и воздржани. Планетите ситуирани во Јарец ве изморија и можеби ќе посакате да се повлечете среде битка: реорганизација и нов план.

ЛАВ:
Пред вас се појавуваат повеќе избори: како да читате весник кој што е полн со тајни информации. Најава за нов потфат, инвенција или претпријатие. Планетите во Јарец укажуваат на некаква нечесност, особено на работното место, како и чувство на вина или срам. Главата горе пријатели, вие имате сила да го надминете ова.

ДЕВИЦА:
Ова е ден кога ќе ја покажете својата социјална вештина и елоквенција: интелигентни, искусни и разумни, денес зрачите со креативна енергија. Марс од Бик ве заведува со земски амбиции и физички задоволства, за кои ви е потребна дисциплина. Потпишување на договори и нова логичка рамка. Интуиција и дипломатија!

ВАГА:
Сега веќе успевате да се изборите со предизвиците и силната динамика: како да сте во кочија влечени од разуздани коњи, а на кои им е потребна дисциплина, индивидуален напор и истрајност. Сега сте ослободени од финансиската анксиозност и можете да планирате посмирено за иднината. Инспирација, оптимизам и надеж.

СКОРПИЈА:
Пред вас е убав период во кој што треба да ја покажете својата сила: може да имате тело на возрасен човек, но ако волјата е на детско ниво, нема да може да постигнете ништо. Можно е патување поврзано со работата, како и многу креативни ангажмани: сега е време да ја покажете својата продуктивност и да постигнете луксуз.

СТРЕЛЕЦ:
Расположени и меки, денес ќе го отворите срцето за едноставни задоволства во животот: радост во љубовта и средба со старите пријатели. Ова ќе поттикне верижна реакција и промени и можна е трансформација во професијата или преселба. Вие го имате последниот збор, како и сите инструменти за супервизија. Убедливи сте.

ЈАРЕЦ:
Веќе некое време минувате низ една осамена фаза, но знајте дека ова набрзо завршува: нема место за депресија, сега е време да се повлечете и да се релаксирате. Обидете се да погледнете на работите од друг агол и надминете го блузот и фрустрацијата. Планетите во Риби креираат своевидна конфузија, но не губете верба. Трпение!

ВОДОЛИЈА:
Веќе разбравте дека од вас се бара практичност, а тоа некако ве истоштува: Марс во Бик ве учи да не избувнувате, особено не на домашен план. Можеби ќе треба да преземете некакви поправки или подготовки, кои ќе ги стават работите во перспектива и потоа ќе може да напредувате. Сега сфаќате што е навистина важно, а што не.

РИБИ:
Соочување со кармата и тоа на бучен начин: Месечината во Стрелец прави неочекувани промени, за кои треба да бидете подготвени. Отпуштање на огромна сила и шанса да ги покажете своите квалитети во ново светло. Бидете истрајни и надминете ја неодлучноста. Рапидно напредување во неколку области. Време за акција.

Ирена Танчева

АСТРОЛАБ

[email protected]