Хороскоп: Вашата дневна анализа


ОВЕН:
Работната недела започнува со комплексни теми: Месечината во Скорпија бара соочување со прекумерното трошење, болест или некоја друга надворешна случка. Драстични промени, кои ќе ве ослободат од оковите на минатото, а тоа означува нов почеток, со смена во животниот стил. Верувајте ѝ на својата интелигенција. Нов курс.

БИК:
Претставување на работен план, комерцијални активности или вработување: Венера во Јарец покажува дека ги користите своите таленти на конструктивен начин и така доаѓате до нови партнерства и шанси. Можеби сè уште не чувствувате, но пред вас се крупни промени, особено на материјален план. Нови инвестиции. Фокус!

БЛИЗНАЦИ:
Ослободување и задоволство на професионален план: Сонцето во Риби ја буди вашата креативна инспирација и минувате низ период на среќа и успех. Во текот на денот ќе треба да се повлечете на кратко, за да размислите за некој зрел совет или упатство. Ја користите моќта во следење на благородни цели, филантропија и спиритуалност.

РАК:
Венера во Јарец укажува дека патите од последиците на своите погрешни уверувања и сте жртва на критика, цензура или рестрикција од некаков вид. Не можете да се ослободите од ситуацијата, но со помош на Месечината од Скорпија, ќе откриете каде грешите и ќе се поправите. Ова е време да господарите со себе. Контрола.

ЛАВ:
Вашето внимание е потребно дома, каде што се започнати неколку работи кои што треба да се привршат. Сега не е време за мечтаење и расфрлање на енергијата на нереални цели, туку за приземјување и прагматизам. Средба со некоја госпоѓа со практичен карактер, која ќе ви помогне да ги надминете тешкотиите. Договори.

ДЕВИЦА:
Планетите во Јарец укажуваат на нови потфати и шанси, а со кои треба да се соочите зрело, храбро и со голем ентузијазам! Ова е време кога може да бидете понесени од силни страсти, затоа бидете дискретни, особено во личната и бизнис сферата. Воздржани и исконтролирани, со голем дух и такт се справувате со овие сили.

ВАГА:
Месечината зад вашиот грб укажува на успех постигнат преку лична деградација: дали вие грешите или некој вам ви греши? Можна е разделба од блиските поради остри зборови или искалкулирани дела. Вината е неизбежен дел од ова сценарио, како и недовербата и загубата. Отворете се кон едноставните задоволства.

СКОРПИЈА:
Марс во Бик и ова е време за задоволство и дружба со пријателите: успевате да поврзете неколку различни сектори во животот и тоа ве исполнува со радост. Најдете време да се подготвите подобро, за да не завршите со скршена глава: сега сте волни да идете на сè или ништо и да направите подобри избори отколку во минатото.

СТРЕЛЕЦ:
Планетарната ситуација кажува дека сте задоволни и исполнети во романсата, пријателствата и другите видови на блиски врски. Ова е ден кога ќе треба да се соочите со финансиската ситуација и можните пропусти во работата: можеби ќе треба да дојдете до договор, но преку контрадикторни начини. Успевате да ги надминете предизвиците.

ЈАРЕЦ:
Најтешкото е веќе зад вас пријатели и сега ја реставрирате својата сила од болест, неуспеси или страв. Ова е пола победа, со која ќе ги надминете материјалните грижи и ќе сфатите дека некои луѓе само умираат, а некои од нив оставаат траен печат врз времето. Остроумни и непоткупливи, напредувате елоквентно. Носталгија.

ВОДОЛИЈА:
Бавниот транзит на Марс во Бик ќе ве соочи со повеќе искушувачки моменти, особено на домашен план: непредвидена катастрофа или промена, која ќе го смени вашиот живот. Ова е време за храбра акција, дисциплина и истрајност: индивидуалните напори имаат поголеми шанси за успех. Време за поставување на нови цели.

РИБИ:
Сонцето во вашиот знак е голема поддршка во личниот живот: сега зрачите со благороден шарм, длабока духовност и инспирација. Постигнувате рафинираност и елеганција, а вниманието е фокусирано кон благородни цели. Надминете ја можната конфузија соочувајќи се со цикличните промени и мистериозни сили. Интуиција.

Ирена Танчева

АСТРОЛАБ

[email protected]