Хороскоп: Вашата дневна анализа


ОВЕН:
Сонце во Риби и време е за повлекување пријатели: ова е голема промена која ќе бара преиспитување и утврдување. Како Индијанец скриен зад карпата, кој чека поволно време за напад. Нема место за депресија или дилеми, ова е добар период кој што ќе ви помогне да напредувате. Убави промени во личноста. Победа.

БИК:
Во фокус доаѓа вашата супериорност: Марс во Бик ја открива вашата раскошна природа и изгледате како пророк воден од некоја повисока идеја. Учите на туѓите грешки и знаете како да се носите со чувствителните ситуации. Некои работи не може да се сопрат, бидете флексибилни и ќе успеете. Сега сте лојални и полни со љубов.

БЛИЗНАЦИ:
Овој период не ви одговара како по традиција и сега се можни многу емоции, аргументи, раскинувања и солзи. Многу конфузија во интимната сфера и не можете да се снајдете: ниеден план не функционира како што треба. Воздржете се малку и ќе избегнете сериозен конфликт. Сето тоа може да се пренесе и во бизнисот.

РАК:
Да не се залажуваме пријатели, ова е моќна сила која е тешко да се надвладее. Разберете, не може да ја сопрете! Сонцето во Риби носи романтични промени, за кои ќе треба да направите корекции во животниот стил. Што и да се случи, бидете спремни на сè. Не можете да влијаете на ситуацијата, освен да ја следите. Еманципација.

ЛАВ:
Нова небесна ситуација и сега е време да завршите еден кармички круг и да започнете да подучувате според сопственото искуство. Знаете дека ви претстои уште долга работа, но повремено ќе треба да им отстапите на другите да ве водат. Ова се финалните подготовки и не го губете времето во ситни расправии или несогласувања.

ДЕВИЦА:
Се појавуваат повеќе избори и Сонцето во Риби ја осветлува вашата емоционална сфера. Ова е време за љубов и насмевки, не ѝ дозволувајте на несигурноста да ви го расипе расположението. Ајде, раширете ги прозорците малку, пуштете нова светлина во својот свет и уживајте во новиот ден! Почестете се нешто.

ВАГА:
Видно испровоцирани, денес менувате тактика: повикани сте да ги синтетизирате своите лични контрадикции, а тоа значи воспоставување на правила кои ќе ги следите дисциплинирано. Сега треба да го надминете секојдневието и да постигнете интегритет. Потоа најдете време да ја обновите својата физичка сила.

СКОРПИЈА:
Сонцето во Риби ги активира креативните проекти и сега ќе треба да докажете на кое скалило стоите: покажете ја својата едуцираност и бидете нежни како мајка која што го чека своето дете да се искачи по скалите. Можеби условите не се многу променети, но имате чувство за ризик и тоа ќе ви се исплати. Сакајте се повеќе.

СТРЕЛЕЦ:
Ова е среќен период на домашен и социјален план. Блиските ви се радуваат и можни се неочекувани средби со пријателите. Нешто се менува и одеднаш станувате помеки и знаете дека ако не веднаш, тогаш наскоро ќе дојдете до саканото. Затоа се препуштате. Верувате ли во повисоки сили пријатели? Ослушнувајте повеќе.

ЈАРЕЦ:
Можеби сакавте да се одморите, но тоа нема да се случи денес мили мои. Одеднаш се наоѓате во движење и тоа на сите страни на светот, барајќи ја својата среќа и исполнување. Ова е прекрасен период за романтична средба и смена на дневниот амбиент. Култивирајте ги старите контакти и отпочнете комуникација.

ВОДОЛИЈА:
Влегувате во една мека фаза, во која ќе треба да забавите: залудно се обидувате да го постигнете она што сè уште ви е надвор од дофат. Не мора по секоја цена да се наметнувате, бидејќи може да станете нервозни и плачливи. Ова не е катастрофа и брзо ќе си дојдете на себе. Најдете време сега, говорете си нежно и запејте.

РИБИ:
Ова е толку необичен ден, како да се споиле два света преку еден величествен мост: Сонцето во вашиот знак и зрачите со неверојатна енергија, сфаќајќи ја својата вонвременска природа. Знајте дека ова нема да трае вечно, затоа чувајте го секој драг момент. Бидете присутни. Пред вас е нова иднина во која што ќе се препородите.

Ирена Танчева

АСТРОЛАБ

[email protected]