Хороскоп: Близнакот незадоволен, ракот среќен


ОВЕН: Со транзитот на Меркур во Лав, пред вас се отвораат нови и необични можности и врски. Во вас повторно се буди апетитот за љубовта и животот. Она што беше одвишно го оставате на страна и дојдете до спиритуални реализации и нови амбиции. Бројте си ги благословите денес.

БИК: Се чини дека вашето небо го прикриваат облаци – транзитот на Меркур носи промени и некое партнерство завршува. Ако е така, запаметете дека тоа повеќе не ви е потребно во оваа фаза на вашиот развој. Ако не го сфатите ова, ќе пропуштите нови шанси. Заборавете на старото.

БЛИЗНАЦИ: Иако сте опкружени со љубов и внимание, се чини дека го сфаќате тоа здраво за готово. Не го игнорирајте она што е реално, во име на нешто недефинирано. Не ѝ дозволувајте на апатијата да ве повлече од тековните случувања. Незадоволни и неволни за нови концепти.

РАК: Пред вас претстои убав и среќен период, но нешто ќе треба да смените – некое размислување или став, а што ќе ви донесе поволни разврски. Полни сте со креативна инспирација и постигнувате успех со леснотија и топлина. Убав развој во интимните врски.

ЛАВ: Еден дел од себе оставате во минатото и продолжувате напред во поблескава иднина. Можеби тоа ви се чини тешко, како да оставате парче од себе зад вас, но тоа сега е неопходно за вашата благосостојба и среќа. Верност и задоволство во најблиските врски. Инспирација.

ДЕВИЦА: Денес се посветувате целосно себе си на реализација на вашите задачи – учите нова вештина или умешно работите на веќе познатите начини. Сега сте спремни за детална и тешка работа, а која ќе ја завршите со голема ефикасност. Одлучно ги спроведувате проектите до крај.

ВАГА: Во фокус доаѓаат личните врски и пријателства, а најверојатно со некои од нив ќе се разделите. Имајте во предвид дека вие господарите со ситуацијата, особено ако имате добра смисла за хумор. Дури и неуспесите може да бидат успех во зависност од перцепцијата. Моќ.

СКОРПИЈА: Фокусирани сте само на она што го немате – сменете ја перспективата и погледнете подлабоко и поискрено во себе. Откако ќе го отстраните отпорот, тогаш нештата ќе се придвижат во сакана насока. Доколку е потребно, побарајте експерт и посоветувајте се добро.

СТРЕЛЕЦ: Меркур во Лав ви отвора нови врати, а за што ќе биде потребно да сте внимателни во комуникацијата со другите. Не бидете несигурни и не се плашете од промената, стравувајќи дека нема да успеете. Наполнете ги своите резерви на сила, потоа ќе може да им давате на сите

ЈАРЕЦ: Денес се здобивате со шанса да се одморите и радувате откако успешно ги завршивте сите важни работи. Започнување на бизнис или креативен проект, како и цутење во пријателските или романтичните врски. Заклучок направен врз база на тешко стекнато искуство.

ВОДОЛИЈА: Планетите укажуваат на тоа дека во вас се случуваат внатрешни промени, а можни се непријатни изненадувања. Ништо однадвор не е важно, туку само вашиот личен став. Не ја расфрлајте својата сила пред конечната битка. Доколку сте болни, побарајте помош и совет.

РИБИ: Внимавајте на комуникацијата и тоа во двете страни – вашето чувство за лична вредност се зголемува, но знајте дека не сме створени да се потпреме исклучиво на сопствената сила. Барајте водство од повисока моќ и инспирација и така ќе постапите правилно. Почекајте сега.

Ирена Танчева

АСТРОЛАБ

[email protected]