Хороскоп: Баланс за близнаците, прекрасен ден за стрелците


ОВЕН: По подолго време, денес успевате да постигнете баланс, внатрешно исполнување и хармонија. Потпишување договори, согласност или помирувања – сега ги исправате нештата во своја полза и на тој начин ја реставрирате кармата. Легалните работи се одвиваат во ред.

БИК: Вашето место денес е онаму каде што ви е и срцето – тоа е место каде што се чувствувате удобно и сигурно. Не верувајте дека тревата е позелена на друго место, бидејќи така ќе направите грешка. Уживајте со семејството, разговарајте со пријателите и најдете го мирот дома.

БЛИЗНАЦИ: Денес постигнувате баланс и покрај тешкотиите и искушенијата, а тоа ќе ве одведе до позитивна трансформација. Сѐ што сте пропуштиле ќе биде надоместено – сега сфаќате кои работи имаат приоритет и го следите својот план. Можни се патување и релокација.

РАК: Иако ви се чини дека вашите обиди се залудни, сепак денес ќе видите резултати од минатогодишните напори. Издржете и поработете уште малку, чесно и со верба, па ќе ги добиете заслуженото потврдување и слава. Послушајте ја својата интуиција сега и ќе успеете.

ЛАВ: Најдобро ќе биде да се препуштите на истражување или подучување – тука ќе најдете мир. Сега е добро да внимавате на трошоците, бидејќи постои реална опасност за загуба. Имате пријатели кои ви помагаат и ве поддржуваат, затоа не плашете се. Немојте да сте недоверливи.

ДЕВИЦА: Средба со авторитетна личност, зрел лидер со непоколеблива етика и морал, некој чија посветеност кон правдата не може да биде променета поради нечии емоции. Бистроумни, директни и елоквентни ги решавате работите прецизно и инспирирате лојалност и кај другите.

ВАГА: Денес имате чувство дека воопшто не можете да го промените застарениот систем на работа – сепак, што и да вложивте, сето ќе ви се исплати. Потоа ќе можете да им помогнете и на другите и притоа и вие да бидете наградени од страна на претпоставените. Слушајте се себеси.

СКОРПИЈА: Ситуацијата е поволна за извршување на вашите работи, но само ако решително ја преземете улогата на лидер. Иако некои луѓе не се радуваат на вашиот успех, не обрнувајте им внимание. Не ветувајте отповеќе, а соработувајте со колегите и истомислениците. Штедете сега.

СТРЕЛЕЦ: Прекрасен ден во кој се отворате за едноставни задоволства во животот – средба со старите пријатели, како и сексуална невиност. Младешка радост и нежна љубезност – на овој начин постигнувате успех во физичкиот свет. Баланс на природните сили без поголем напор.

ЈАРЕЦ: Денес би можеле да ги постигнете своите цели храбро, но ќе треба да внимавате да не ги налутите своите пријатели и колеги и да не предизвикате завист кај другите. Избегнувајте ладнокрвни махинации и сѐ ќе биде во ред. Некој ваш пријател го менува односот со вас сега.

ВОДОЛИЈА: Благо сте опиени од некоја секси и возбудлива личност, како и опседнати со надворешниот изглед и стил. Немојте да сте премногу сигурни во себе и своите способности и на тој начин будалесто да ги пропуштите убавите шанси. Избегнувајте драма и театралност. Пат.

РИБИ: Имате потреба да побегнете од рестриктивните ситуации. Некои работи се вон ваша контрола, сепак ќе се освестите навреме – нешто ќе загубите, но нешто ќе добиете и задоволно ќе продолжите напред. Уживате во заслужените признанија. Пред вас се појавува шанса за пат.

Ирена Танчева

АСТРОЛАБ

[email protected]