Холандија испратила два борбени авиона во интервенција поради тепачка на патници


Во патнички авион на линија Абу Даби – Амстердам агресивен патник предизвикал тепачка поради што холандските воздухопловни сили испратиле два борбени авиона Ф-16 за да го проседат леталото до амстердамскиот аеродром.

Неколку патници се здобиле со лесни повреди.

Авионот, откако агресивниот патник бил совладан, добил дозвола да слета на аеродромот Схипол.

Полицијата по слетувањето го привела проблематичниот 29-годишен Американец и го префрлила во психијатриска болница.