Хитлер и Ленин на гласачките ливчиња на локалните избори во Перу


На локалните избори во перуанскиот град Јунгар, Хитлер се надева дека ќе се врати на власт, а Ленин се обидува да го спречи.

Низ целиот град има натписи „Хитлер се враќа“ и „Хитлер е со народот“. Тие се однесува на поранешниот градоначалник Хитлер Алба Санчес, кој беше градоначалник на Јунгар од 2011 до 2014 година.

Негов политички ривал е Ленин Владимир Родригес Валверде, кој минатата недела се обиде да издејствува забрана на кандидатурата на Хитлер на локалните избори што треба да се одржат на 7 октомври, но локалната изборна комисија го одби неговото барање.

Хитлер Алба Санчес тврди дека е против идеологијата на нацистикиот диктатор Адолф Хитлер и оти сака да владее на фер и транспарентен начин.

Тој, исто така тврди и дека неговиот татко не знаел кој е Хитлер кога му го дал името. Санчес истакна дека откако дознал за злосторствата на нацистичкиот лидер сакал да си го смени името, но потоа се откажал.

– Јас сум добриот Хитлер, изјави Санчес.

Во Перу и другите држави на Јужна Америка родителите често избираат странски имиња кои чудно им звучат и покрај тоа што тие во странство имаат негативна конотација.