Хилари Клинтон нема да се кандидира на следните избори за претседател на САД


Американската политичарка Хилари Клинтон потврди дека нема да се кандидира за претседател на САД во 2020 година, објави Си-ен-ен.

Засега, Клинтон не планира нова кампања, но тоа не значи дека таа се повлекува од политиката.

„Не одам никаде. Нема да се кандидирам, но ќе продолжам да работам, да зборувам и да се борам за она во што верувам. Сакам да се осигурам дека на луѓето им е јасно дека ќе продолжам да зборувам, јас не одам никаде“, рече Клинтон.

Таа јасно стави до знаење дека нема намера да се кандидира за претседател и ги негираше сите шпекулации. Во 2016 година таа беше демократски кандидат за претседател, кога изгуби од актуелниот претседател на САД, Доналд Трамп.