Хенк Тен Кате: Против Реал Мадрид ќе ни требаат три автобуси


Во пресрет на вечерашниот дуел со Реал Мадрид, тренерот на Ал Џазира, Хенк тен Кате пристапи со чувство за хумор. Тој со насмевка изјави дека ќе ја користи тактика на Жозе Мурињо и ќе „паркира автобус“ пред неговиот гол за да ги спречи ѕвездите на европскиот шампион.

„Ќе ни требаат најмалку три автобуси. Можеби треба да се консултирам со Мурињо“, рече Тен Кате и додаде дека шансите за победа на неговата екипа се минимални.

Разликата во класите е огромна, но мојот тим ќе се бори до крај, најави тренерот на Ал Џазира.