„Хелоу“: Меган Маркл е жена на годината


Англија-  Од актерка во американската драмска серија „Suits” до членка на најмоќното кралско семејство – тоа и појде од рака на Меган Маркл, што пак, и ја донесе титулата „Жена на годината“ според британското списание „Хелоу”.

Симпатична и опуштена, а истовремено доста грижлива, глумицата за кусо време го освои срцето на најпосакуваниот неоженет принц Хари, но и на целиот свет.

– Меган е поим и претставничка на новата генерација жени, кои можат се. Таа е одличен извор на инспирација, изјави биографот на принцезата Дајана, Ендрју Мортон, кој моментно работи на животната приказна на Меган Маркл.

Нејзе и успеа да и се допадне на инаку строгата кралица Елизабета Втора, така што таагодинава направи исклучок… Меган е поканета на тридневната божиќна прослава во Сандрингем, каде традиционално доаѓаат само членови на кралското семејство. Со таква почест не беа удостоени ниту Кејт Мидлтон, ниту Камила Паркер, ниту Дајана.