Хајнкес очекува тежок натпревар против Севиља


Tренерот на Баерн Минхен, Јуп Хајнкес, изјави дека неговиот тим е подготвен, но очекува Севиља да биде тежок противник на реванш натпреварот од четвртфиналето во Лигата на шампионите.

Според 72-годишниот фудбалски стручњак иако Баерн игра на домашен терен, шпанскиот тим со сите средства ќе изврши силен притисок.

– Севиља е одлична екипа, очекувам да не нападнат на вечерашниот натпревар. Играат одлично во напад, вршат силен притисок, но ние знаеме како да се справиме со тоа, нагласи Хајнкес.

На првиот натпревар Баерн ја совлада Севиља со 1:2, а вечерва на „Алијанц арената“ ќе се игра реваншот.