„Харперс базар“ ги слави музичките икони: Семејството на прво место


САД– Престижното списание  „Харперс базар“ ги слави музичките икони со серија фотографии со нивното најголемо богатство-децата. Приказната “Icons: The First Families Of Music” special, ја потпишува креативниот директор Карен Ротфилд.

На насловницата позира легендата Брус Спрингстин со ќерката Џесика, а во црно-бели фотографии се Кање Вест (41) со децата Норт (5) и Вест (2),  Кристина Агилера (37) со ќерката Самер Реин (3)и синот Макс (10).  Поп-ѕвездата Мараја Кери (48) во фотографија во боја позира со седумгодишните близнаци Морокан и Монро.

Приказната донесува и фотосесии со Лајонел Ричи и ќерката Никол, Били Ајдол со ќерката Били Блу, и Стивен Тајлер со ќерката Лив.

Специјалното издание ќе биде објавено на 31 август, а на 7 септтември, сите уредници на списанието низ светот, во Њујорк ќе го слават настанот „Икони“.