Харисон Форд на Самит за климатските промени: Не избирајте лидери кои не веруваат во науката


САД– Ако се прашувавте зошто Харисон Форд (76) е повторно актуелен во медиумите деновиве, без паника – легендарниот актер од „Војна на ѕвездите“ е жив и здрав. Сепак, тоа нема да остане така доколку луѓето не почнат сериозно да ги сфаќаат климатските промени, вели актерот.

Форд се обрати на Самитот за глобална климатска акција во Сан Франциско и ги прогласи климатските промени за „голем морален компас на нашето време”.

„Ако не го смениме патот на кој сме денес, иднината на човештвото ќе се најде под знак прашање”, рече актерот во неговиот страствен говор. „Додека работите за да се соочите со предизвикот на климатските промени, ве молам, не заборавајте ја природата”.

„Ве преколнувам, престанете да избирате водачи кои не веруваат во науката”, додал тој,  напишаа на Твитер присутните на самитот. „Или уште полошо, се преправаат дека не веруваат во науката за политички личен интерес. Никогаш не заборавајте за кого се борите”.

Форд изјавил: „Ако не можеме да ја заштитиме природата, не можеме да се заштитиме ни себеси”, додавајќи: „А немаме веќе време… Да ги исклучиме нашите телефони, да ги завиткаме ракавите и да го решиме ова чудовиште”.

Додека жешката тема за климатските промени може да биде политички поделена, луѓето на Твитер беа едногласни дека се среќни што Форд не е актуелен во медиумите од погрешни причини.