Харадинај: САД или Германија да се вклучат како посредник во преговорите со Србија


Косовскиот премиер Рамуш Харадинај денеска изјави дека би сакал да се вклучат САД или Германија како нов посредник во преговорите со Србија, од која Косово се отцепи во 2008 година.

Во интервју за телевизија РТК, Харадинај изјави дека посредниците кои го набљудуваат мировниот процес во последните 10 години, е малку веројатно да постигнат напредок во иднина.

Преговорите за нормализирање на односите меѓу Приштина и Белград ги посредува Европската унија.

– Единствената можност да го насочиме дијалогот во друга насока е влегувањето на нова сила, изјави Харадинај за РТК. Ако САД медијаторот да е членка на ЕУ, тогаш нека учествува Германија, вели тој.

Косово е признато од над 110 земји во светот од прогласувањето на независноста од пред една деценија, вклучувајќи ги САД и 23 од 28-те членки на ЕУ.

Србија се противи на независноста на својата поранешна покраина и го блокира влезот на Косово во ОН со помош на Русија.