Хавиер Бардем во историски филм на Спилберг


САД – Хавиер Бардем најверојатно ќе го глуми легендарниот шпански освојувач Хернан Котрез во новата мини-серија, заснована врз приказната „Монтезума“ на писателот Далтон Трамбо.

Сценариото е на Стивен Зилијан, познат по оскаровецот „Шиндлеровата листа“. Продуцент на

филмот, пак, ќе биде Стивен Спилберг.

Приказната е за падот на Ацтечкото Царство на императорот Монтезума Втори под налетот на

шпанските освојувачи на познатиот конквистадор Кортез. Проектот е во фаза на претпродукција.