Хабиб сака 30 милиони долари за реванш со Мекгрегор


Таткото на шампионот во лесна категорија, Хабиб Нурмагомедов сподели во интервју за руските медиуми дека од УФЦ понудиле 15 милиони долари, за да прифатат реванш со поранешниот шампион Конор Мекгрегор.

Во моментов двајцата со Хабиб се казнети од Спортската комисија и ќе го разберат времетраењето на казната, како и парична казна следниот месец.

Нурмагомедов е подготвен да прифати реванш со Мекгрегор, но само за 30 милиони долари.

– Хабиб има уште 3 или 4 битки и завршува со ММА. Тоа се нашите планови. Од УФЦ ни понудија реванш против Конор Мекгрегор за 15 милиони, но ние сакаме 30 милиони. Конор Мекгрегор, подготвени сме за реванш, но ако го сакаш – ние сакаме 30 милиони, вели неговиот татко.

За првата битка, УФЦ успеа да продаде близу 2,5 милиони платени гледања (пеј-пер-вју). Настанот скрши многу рекорди и нема сомнение дека реваншот ќе се продава уште повеќе. Сега сепак се е во рацете на претседателот на УФЦ, Дејна Вајт и тој треба да одлучи дали ќе го отвори ќесето.