ФФМ го промени распоредот во првата фудбалска лига


Комисијата за натпреварувања при Фудбалската Федерација на Македонија (ФФМ) одлучи натпреварите од 25-то коло од Првата лига, кои беа предведени да се играат во четврток, да ги префрли за во недела.
Од ФФМ на својата страница соопштија дека поради настапот на големиот дел фудбалери во националните селекции се менува целиот распоред, додека распоредот за натпреварите во Купот останува ист.
Во продолжение целосниот распоред на ФФМ:
*25. коло, 29.03.2018, четврток, одложено за 01.04.2018, недела, 15:00
*21. коло (Силекс – Пелистер), 04.04.2018, среда, 15:00
*26. коло, 07.04.2018, сабота, 16:00
*27. коло, 15.04.2018, недела, 16:00
*28. коло, 18.04.2018, среда, 16:00
*29. коло, 22.04.2018, недела, 16:00
*30. коло, 25.04.2018, среда, 16:00
*31. коло, 29.04.2018, недела, 16:00
*32. коло, 02.05.2018, среда, 16:00
*33. коло, 06.05.2018, недела, 16:30
*34. коло, 13.05.2018, недела, 16:30
*35. коло, 16.05.2018, среда, 16:30
*36. коло, 20.05.2018, недела, 16:30
Термините за Куп натпреварите остануваат исти:
*1/2 финале реванш натпревари, 11.04.2018, среда
*Финале, 09.05.2018, среда.