Фудбал: За 24 часа поднесени 1,3 милиони барања за влезници за СП 2018


Во првите 24 часа од почетокот на вториот круг продажба на влезници за СП 2018 во Русија, ФИФА примила преку 1,3 милиони барања, објавено е на службените страници на светската фудбалска организација.

Навивачи од цел свет испратиле 1.318.109 барања за влезници.

Вториот круг трае до 31 јануари 2018 година. Доколку до тој датум побарувачката надмине број на влезници ФИФА преку ждрепка ќе одбира пријавени кандидати кои ќе имаат право да купат влезници.

Моментно најголем број барања за влезници се од Русија додека од странство се 34 отсто барања. Навивачи од Аргентина, Перу, Мексико, САД, Колумбија, Бразил, Мароко, Египет, Кина и Полска досега поднеле најмногу барања.