Фудбалски подготовки во Анталија: Вардар поразен од узбекистански Пахтакор


На првиот пријателски натпревар,кој е дел од подготовките во Анталија, македонскиот шампион Вардар претрпе пораз. Екипата на Пахтакор со двата гола во второто полувреме, стигна до победата од 2-0.

Шефот на стручниот штаб Чедомир Јаневски играше со два различни тима во двете полувремиња, а им даде шанса на тројцата голмани.

Вардарци беа рамноправен противник во првиот дел, но во вториот дел, кога Јаневски го промени целиот состав, беа постигнати двата гола.
Головите за узбекистанскиот тим ги постигнаа Ибрагимов во 76.минута и  Гидиканик во 83. минута.
Претходно, Вардар имаше шанса да израмни преку Охеда, но неговиот удар заврши во противничкиот голманот.
Следниот  пријателски натпревар во Анталија, Вардар ќе го игра во вторник (23 јануари), против бугарски тим Берое.