Фудбалска Прва лига: Работнички го совлада Вардар за прв пролетен триумф


Работнички стигна до првиот триумф во пролетниот дел од Првата македонска фудбалска лига совладувајќи го Вардар со 2:1 во рамките на 21. коло.

„Роматичарите“ на самиот старт постигна два гола преку Себастијан Херера и Виктор Ангелов, а во завршницата играа и со играч помалку по исклучувањето на голманот Даниел Божиновски.

Вардар успеа да намали со голот на Горан Попов во 78. минута, но победата, сепак, заслужено му припадна на Работнички.

По овој пораз Вардар остана на второто место на табелата со осум бода помалку од лидерот Шкендија и дополнително се оддалечи од одбрана на трофејот, додека, пак, Работнички со трите бода сега има 27 и се искачи на четвртото место.