Фудбалската асоцијација на Англија покрена истрага за асистентот на Сари


Фудбалската асоцијација на Англија (ФА) покрена истага за инцидентот што го предизвика асистентот на тренерот Маурицио Сари на дербито меѓу Челзи и Манчестер јунајтед во саботата на „Стенфорд бриџ“.

Асистентот Марк Јани непримерно се однесуваше во финишот на натпреварот и го испровоцира тренерот на Јунајтед, Жозе Мурињо.

Иако Мурињо потврди дека го прифатил извинувањето од страна на Челзи, сепак клубот беше критикуван во англиските медиуми, а многумина бараа отказ за помошникот на Сари.

Раководството на Челзи соопшти дека ќе го поддржи тренерот Сари во однос на одлуката што ќе ја донесе за неговиот асистент.

Истрагата на ФА против Јани треба да заврши за неколку дена, а казната најверојатно ќе биде парична или со суспензија на натпревари.