Францускиот министер за внатрешни работи поднесе оставка


Францускиот претседател Емануел Макрон ја прифати оставката на министерот за внатрешни работи, се вели во официјалната изјава од Елисејската палата.

„Макрон ја прифати оставката на Жерар Коломб и побара од премиерот да остане на функцијата додека не биде назначен наследник“, велат од кабинетот на францускиот претседател.

Оставката на 72-годишниот Коломб претставува удар за Макрон. Во понеделникот медиумите објавија дека побарал да се повлече, но неговата оставка не била прифатена.