Франција до првиот поен во финалето на Дејвис купот против Хрватска


Франција– Тениската репрезентација на Франција го освои првиот поен во финалето од Дејвис купот против Хрватска и го намали резултатот на 1-2 во победи.

Французите во состав Никола Мау и Пјер-Иго Ербер беа подобри од Иван Додиг Мате Павиќ во денешната дубл пресметка со 3-1, по сетови 6:4, 6:4, 3:6 и 7:6.

На овој начин се пролонгира промоцијата на годинашниот шампион кој ќе го дознаеме утре.

Двојките за последниот (трет) ден од финалето се:

Жереми Шарди – Марин Чилиќ
Жо-Вилфред Цонга – Борна Чориќ.

Франција е бранител на трофејот.