Франција,САД и Британија со нова нацрт резолуција за Сирија


Преговорите за текстот, редактиран од Франција почнуваат утре. Датум за гласање не е наведен со цел „Париз да даде време за вистински преговори“, наведува изворот.

За првпат во СБ на ОН се предлага текст во кој се обединети три аспекти на проблемот – политички, хуманитарен и хемиски. Целта не е да се промени управувањето со државата туку да се покаже дека западната воена интервенција во Сирија „и служи на политичката стратегија“, нагласува дипломатот.

Нацрт резолуцијата е доставена по помалку од 24 часа по ракетните напади.

Во текстот се осудува секој случај на употреба на хемиско оружје во Сирија и се предлага формирање „независен механизам за истраги и посочување виновници врз основа на непристрасност и професионализам“.

Од Сирија се бара целосна соработка со Органзиацијата за забрана на хемиско оружје.

За хуманитарна помош со нацрт резолуцијата се бара „траен прекин на огнот“.

Во политичкиот аспект се бара сириските власти да се вклучат во меѓусириски преговори конструктивно и без какви било условувања.

Од генералниот секретар на ОН се бара исполнување на нацрт резолуцијата во рок од 15 денови по прифаќањето.