(Фото) Што облече министерката Радмила Шеќеринска во Белата куќа?


Децентна и едноставна, црвена, бела и црна гардероба избра вицепремиерката и министерка за одбрана Радмила Шекеринска-Јанковска за средбите во Белата куќа во Вашингтон. Бела блуза, црно здолниште со примерна должина под колената, со хулахопки во боја на кожа и црни соодветни салонки со средно висока потпетица.

Комбинацијата е освежена со црвеното палто, со интересен заден дел како карнер, кое е усогласено со црвените рамки на очилата и долгиот ѓердан.

И овој пат, Шекеринска го испочитува дрес-кодот според настанот и функциите. Средбите во Белата куќа се секогаш во фокусот на јавноста и освен разговорите важен е и имиџот со кој се претставувате. Во САД во сите релевантни институции се почитува протоколот. Можеби никој нема да ве пофали, ама ќе ви укаже на евентуалните грешки и за стилот на облекување.

Шекеринска одамна сфатила дека ако сте во политиката или во „машка“ професија можете истовремено да бидете модно освестени, ама да не ја поминувате линијата на добриот вкус. Сепак, функцијата министер не дозволува модни излети кои имаат вулгарен призвук ниту остварување на личните желби. Помалку е повеќе!

Не е сѐ во гардеробата, ама стилот е многу важен во политичките и во дипломатските кругови. Нешто на што „паѓаат на испит“ речиси сите наши политичарки, со изборот на екстравагантна гардероба и екстремно високи потпетици кои се косат со модните правила во оваа сфера. Или премногу шминка, или запуштен изглед, или црни хулахопки наместо во боја на кожа. Златна средина е вистинскиот одговор за дамите од високата политика, а тука спаѓа и Шекеринска.

Лејла Сабит