(Фото) Црвениот килим на наградите “iHeart Radio Music”


САД– Лос Анџелес ги собра сите долгоноги убавици, а повод за тоа беше доделувањето на “iHeart Radio Music” наградите. Ед Ширан беше прогласен за Најдобар машки изведувач, а неговиот хит „Shape of You“ беше избран за Песна на годината. За Најдобар женски изведувач беше избрана Тејлор Свифт, додека Луис Фонси стана Најдобар латино изведувач.

Џон Бон Џови ја доби посакуваната награда Икона, додека статуетката за Најдобра група отиде кај Maroon 5.

На црвениот килим дамите прошетаа во кратки фустани кои во прв план ги истакнуваа нивните долги нозе.