(Фото) Црвениот килим на Златниот глобус 2019: Уа место браво


САД– Во Лос Анџелес беа доделени Златните глобуси по 76 пат, а на црвениот тепих се прошетаа некои од најпознатите ѕвезди од светот на филмот. Критичарите беа поделени за изгледот на актерките, најчуден стајлинг избраа Џулија Робертс (во Стела Мекартни) , Хајди Клум (во Моник Лилие) и Ен Хатавеј (во Ели Сааб), пофалби добија Шарлиз Терон (во Диор), Никол Кидман (во Мајкл Корс) и Хали Бери (во Зухаир Мурад), а кралица на драмата беше Леди Гага со тоалетата на Валентино и скапиот накит на „Тифани“.