(Фото) Убавицата од Косово ја освои титулата „Мис Манчестер“ во Англија


Фатиме Гаши од Косово вчера ја освои титулата “Мис Манчестер”, со што стана најубавата девојка во Манчестер во Англија.

“Манчестер ми даде толку многу и се чувствувам како да сонувам”, рече Фатиме Гаши.

Таа имала само две години кога нејзиното семејство го напуштило Косово и заминала за Обединетото Кралство за да избега од војната и таму изградиле нов живот.

Убавицата е студент на медицинскиот факултет во Салфорд и се смета за најубавите девојки која некогаш студирала на тој факултет. Таа исто така успеа да ги освои срцата на жирито и благодарение на тоа, таа стана „Мис Манчестер“.