(ФОТО) Три тројки и 17 пара близнаци одат во исто училиште


Основното училиште „ТОКИ Истиклал“ на југот на Турција го посетуваат 17 пара близнаци и три тројки. Ова училиште се наоѓа во пограничната област Рејханли во провинцијата Хатај и го посетуваат вкупно 1.075 ученици.

Она што го прави училиштето препознатливо се близнаците и тројките. Меѓу 17-те пара близнаци има и бегалци од Сирија. Поради сличноста на изгледот, близнаците и тројките честопати ги збунуваат соучесниците, но исто така и наставниците.

Ајса Бетул Тургут е ученичка во седмо одделение, која во разговор со новинарката на Анадолија вели дека е среќна што е едно од трите деца кои се родени заедно.

„Во нашето одделение имаме близнаци, а во училиште се дружиме со други близнаци и тројки. Тоа е посебно чувство“, вели Тургут.

И Хамит Ердем оди во седмо одделение и е среќен што во клупата седи со својот брат близнак.

„Се дружиме и дома и во училиште. Се согласуваме со нашите пријатели на училиште, а особено добро се дружиме со други парови близнаци и тројки кои одат во нашето училиште“, рече Ердем.