(Фото) Тренд што не излегува од мода: Туфните се вратија во пролетните колекции


САД – Туфните се вратија на голема модна врата. Хит-дезенот ја краси облеката со ретро-стил и се комбинира со кариран материјал.

На секои десет години малите или големите туфни во црна, бела или црвена боја се враќаат во колекциите, како никогаш да не излегле од мода. Ги красат чантите, чевлите, модните додатоци, балонерите, сакоата, здолништата, на фустаните како во актуелните колкеции на „Родарте“, „Дор“, „Блумарин“, „Прада“…