(ФОТО) Сообраќајка кај „Александар Палас“: Две лица повредени и пренесени во болница


Попладнево околу 14:10 часот се случи сообраќајна несреќа на булеварот „8ми септември“ во Скопје, меѓу две патнички возила.

Според информациите на полицијата, две лица се повредени и пренесени на скопските клиники. Едниот е згрижен во „8ми септември“, а другиот повреден е пренесен на Ургентниот центар.

Во незгодата учествуваа две возила „фиат добло“ со скопски регистерски таблички и „мазда“ со штипските регистерски таблички.

 

фото: Б.Грданоски